Италијанскиот моден бренд Diesel отвори сопствена продавница за „фалсификати“

- Advertisement -

Италијанскиот бренд Diesel стартуваше интересна тактика за да се бори со фалсификаторите на познати брендови во Њујорк. Компанијата неодамна отвори мала продавница во Кинескиот кварт каде што ќе продава само „фалсификувани“ верзии од нивните производи по ниски цени, пишува PSFK.

На етикетите на „фалсификатите“ компанијата и во името на продавницата намерно е погрешно напишан брендот – наместо Diesel стои Deisel.

- Advertisement -

За разлика од вистинските фалсификати производите кои ги продава Deisel во продавницата се оригинални и се лимитирана едиција. Продавницата требаше да се затвори на 12 февруари затоа што сета стока беше распродадена, но сега повторно истите производи ќе бидат достапни онлајн од денес.

„Ова е колекција за сите кои сакаат да го покажат својот уникатен вкус за мода“ се вели на страницата на Diesel.

Сподели!
- Advertisement -