Хрватскиот иноватор Мате Римац во март во Женева ќе го претстави својот нов суперавтомобил

- Advertisement -

Компанијата Rimac Automobili полека ги пакува куферите за Швајцарија и го довршува склопувањето на својот нов суперавтомобил, кој засега го носи името Concept Two или C2. Вистинското име ќе биде објавено на претставувањето на автомобилот во рамките на Меѓународниот залон за автомобили во Женева во март годинава.

Додека за техничките детали и за перформансите на новиот автомобил од Rimac не откриваат ништо пред салонот, на својот YouTube канал објавија teaser видео кое открива како ќе изгледа автомобилот. Како пто можете да видите, станува збор за купе кој потсетува на новиот Teslа Roadster, па може главниот конкурент да му биде токму новиот автомобил на Маск.

- Advertisement -

Се очекува дека C2 ќе има забрзување од нула до 100 км за 2,5 секунди, а кружат и гласини дека може да има систем за автономно возење од категорија 4. Доколку е вистина, тоа ќе биде првиот автомобил во светот кој патниците ќе може да ги вози сам во сите временски услови и на сите видови патишта. C2 ќе има волан, педала за гас, кочница и менувач за возачот да може да го преземе управувањето доколку посака да вози.

Матер Римац потврди дека за разлика од Concept One, новиот автомобил треба да биде произведен во 150 примероци.

Сподели!
- Advertisement -