Паметна бања од иднината во која ќе можете да разговарате со веце школката

- Advertisement -

Паметните домови се вистински тренд, но што е со паметните бањи? Компанијата Kohler сака паметните бањи да станат тренд во иднина.  Kohler произедува производи за бања и кујна, а na CES 2018 најави повеќе производи за паметните бањи од иднината. Сите нивни производи можете да ги контролирате во апликација за iOS и Android, KOHLER Konnect. Апликацијата поддржува гласовни команди и контрола без движење на рацете. Тоа значи дека нема повеќе да треба да ги вклучувате уредите туку доволно ќе биде да им викнете од тоалетот.

Еве кои производи за бања на Koehler ќе станат многу попаметни. Како што пишува Mashable, најпрвин тоа е вашето огледало. Нивниот најнов производ е огледалото Verdera Voice Lighted Mirror, односно првото огледало во светот кое е опремено со дигиталниот асистент на Amazon – Alexa. Целото е опремено со ефикасни ЛЕД светла кои можете да го контролирате со гласовни команди.Благодарение на илјаднитие опции на Alexa, можете наутро додека се шминкате да слушате вести, музика или да ја проверите временската прогноза. Огледалото ќе почне да се продава во март.

- Advertisement -

Потоа на ред е кадата. Паметниот систем за туширање DTV+ ви овозможува да го вклучите тушот со гласовна команда, да си ја одредите температурата на водата, притисокот, да слушате музика додека се бањате. Со KOHLER Konnect можете да одредите и колку сакате да биде полна паметната када PerfectFill со вода. PerfectFill и конектираната верзија на DTV+ ќе бидат готови подоцна годинава. Моментално DTV+ се продава по цена од околу 1.100 долари.

И на крај тука е паметниот тоалет, односно веце школката. Numi е паметна веце школка опремена со обоени светла, дел за седење кој се загрева и посебен дел за греење на нозете. Можете да ја контролирате преку KOHLER Konnect, со гласовни команди или со движења на рацете. Numi се продава по цена од околу 6.300 долари.

Сподели!
- Advertisement -