Citee Connect е првиот скутер во светот со Android

- Advertisement -

Француската компанија Archos произведува речиси се – од таблет компјутери до дронови, а сега во својата понуда додаде новиот производ – првиот скутер во светот кој го користи оперативниот систем Android. Скутерот Citee Connect поседува мултимедијална инструмент табла која ги има сите функции на смартфон, а е сместена во куќиште кое ја штити од удари и од временските влијанија. Дел од таблата е екран од 5 инчи кој е поставен меѓу дршките, а има и 1 GB RAM и 8 GB флеш меморија. Уредот работи на опреативниот систем Android Oreo и поддржува 3G.

Од Archos не наведуваат за што е користи екранот, но познато е дека на корисниците им овозможува да користат апликации како Google Maps. Постои опција за преземање на апликација на Archos која овозможува заклучување и отклучување, пренесува Klix.ba.

- Advertisement -

Скутерот е направен од алуминиум, има тркала од 8,5 инчи отпорни на пукање, а се движи со помош на мотор од 250 W кој го напојува батерија од 36 W. Тежок е 11,8 кг, а може да носи тежина до 100кг. Максималната брзина изнесува 25 км/ч, а со едно полнење на батеријата може да помине повеќе од 25 км. Кога кочите батеријата се дополнува, па тоа растојание може да се зголеми. Продажбата почнува на лето, а ќе чини 499,99 евра.

Сподели!
- Advertisement -