Костарика е најдобра дестинација за пензионери

- Advertisement -


International Living го објави најновиот Годишен глобален индекс за пензионирање (Annual Global Retirement Index). Годинава на прво место како рај за пензионерите е рангирана Костарика. Привлечени од тропската клима, ниските трошоци за живот, врвната евтина медицинска нега, евтините недвижности и природната убавина, многу жители на Северна Америка со децении се селат во Костарика. Костарика е прва во регионот со стабилен економски раст, но сепак ја задржа својата богата култура и посебниот начин на живот, пренесува Светскиот економски форум.

Поради различната клима и пејзажите, Костарика ви дава можност да се шетате по песочни плажи, да планинарите низ џунгла или шуми високо над облаци, како и да се избањате во топлите вулкански извори. Што се однесува на недвижностите, можете да изнајмите двособен стан за 500 долари месечно или да купите куќа со поглед на плажа за помалку од 200.000 долари. Не е ни чудо што толкав број жители на САД и Канада веќе се преселиле во Костарика.

- Advertisement -

Костарика можеби не е најевтината земја на годинашниот индекс, но сепак е доста пристапна. Повеќето Американци, Канаѓани и Европејци кои живеат во Костарика трошат многу помалку пари отколку што би трошеле дома. Еден човек во Костарика може да живее со 1.400-1.700 долари месечно, а на еден пар му се потребни 2.000-3.000 долари месечно за удобен живот. На пример, за зеленчук и овошје, како и друга свежа храна во Костарика ви се потребни само 25 долари неделно за двајца.

Во однос на здравствената заштита Костарика освои 99 од 100 поени на индексот. По речиси секој стандард Костарика има најдобра здравствена заштита во Латинска Америка. И не само тоа, јавното и приватното здравство во земјата постојано се надградуваат со нови болници, нова опрема и обуки за медицинскиот персонал. И покрај толку напредниот систем, здравството во Костарика е поевтино отколку во САД, на пример. Приватните доктори ретко кога наплаќаат повеќе од 60 долари за преглед, а во јавниот здравствен систем за еден пар се потребни само 95 долари месечно.

- Advertisement -

Од сите причини кои ги привлекуваат луѓето во Костарика климата е најбитната. Во целата земја има топла клима во текот на целата година, како и што се очекува од една тропска земја.

Сподели!
- Advertisement -