Mozilla го претстави веб пребарувачот од иднината – Firefox Reality

- Advertisement -

Пред десетина години на Интернет сурфавме најмногу на компјутер. Денес и понатаму сурфаме и од компјутер, но најголем дел од луѓето како примарни уреди за сурфање ги користат телефоните и таблетите. Со оглед на брзиот развој на технологијата, прашање е на кои уреди ќе сурфаме за десетина години отсега.

Најголем дел од технолошките компании инвестираат многу во виртуелна и проширена реалност, а во Mozillа веруваат дека овие технологии ќе доминираат во иднина и токму уредите базирани на виртуелна и прширенa реаlност ќе бидат доминантни уреди преку кои ќе пристапуваме на Интернет. Токму затоа, како што пренесува сајтот Zimo, компанијата најави дека работи на првиот веб пребарувач кој ќе може да се користi на различни платформи, а првенствено ќе биде наменет за виртуелна и проширена реалност – Firefox Reality.

- Advertisement -

На блогот на Mozillа го најавија новиот пребарувач и напоменаа дека нивната мисија е да биде отворен и пристапен ресурс кој на прво место ќе ги стави луѓето. Поради тоа уште сега мислат и на иднината и инвестираат време и ресурси во нови и идни технологии. Од Mozilla сакаат да бидат подготвени за предизвиците кои ќе дојдат со развојот, па на корисниците уште веднаш им нудат сурфање во виртуелна реалност.

Нема поконкретни детали за Firefox Reality, иако е познато дека ова ќе биде првиот open-source повеќеплатформски пребарувач и дека ќе биде многу брз, а компанијата особено внимание посветува на приватноста. Битно е да се напомене дека ова е интернет пребарувач кој ќе биде направен за иднината. Виртуелната и проширената реалност и понатаму се Див Запад каде што се е непознато, па во Mozillа ќе посветат многу време на пронаоѓање на одговорите на бројни прашања врзани за виртуелната реалност и начинот на користење на Интернетот во таква реалност.

Сподели!
- Advertisement -