Ericsson Nikola Tesla ќе раководи со технолошки парк во Осијек вреден 2,5 милиони евра

- Advertisement -

Градските власти во Осијек го изразиле своето задоволство од новиот најавен договор за инвестиција во градот. Се работи за компанијата Ericsson Nikola Tesla која најави дека во овој град планира да отвори развојно – истражувачки центар во кој ќе бидат вработени 300 луѓе во текот на наредните години, пренесува Poslovni Dnevnik.

„Ова е доказ дека коалиција добро функционира, бидејќи добрата политичка клима значи и повеќе инвестиции во градот“, изјавил градоначалникот на Осијек, Иван Вркиќ.

- Advertisement -

Тој додал дека во компанијата моментално работат 20 луѓе, а се бара и деловен простор кој ќе одговара на потребите на компанијата. Во првата година од работата, Ericsson Nikola Tesla ќе вработи околу 100 нови луѓе, а најавениот број од 300 вработени се очекува да се оствари во рок од три години.

На прес – конференцијата било најавено и отворање на парк за информациско-комуникациски технологии во градот, бидејќи градските власти се свесни за растот на овој сектор и компаниите кои се занимаваат со развој на софтвер. Целиот проект би требало да чини 2,5 милиони евра, а околу 85% од средствата се осигурани преку програмата за интегрирани територијални инвестиции. Со доаѓањето на компанијата Ericsson Nikola Tesla, Осијек ќе стане регионалното седиште на секторот за информациско-комуникациски технолгии.

Сподели!
- Advertisement -