Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, порачува: Не барајте баланс меѓу приватниот живот и работата

- Advertisement -

Шефот на Amazon, Џеф Безос, е познат по тоа дкеа денот го започнува со појадок со семејството и дека не се буди со помош на аларм. Закажува зачудувачки мал броj состаноци, а секојдневно во сојот распоред остава доволно време и а миење чинии, пренесува Poslovni Dnevnik.

Безос не е љубител на фразите за рамнотежна меѓу работата и приватниот живот затоа што смета дека тие имплицираат дека едното го исклучува другото. За своите вработени, но и за луѓето од управните структури во други компании има понекој корисен совет.

- Advertisement -

Еден од нив е дека работата и приватниот живот треба да се доживуваат како два многу поврзани делови од животот. „Станува збор за еден круг, а не за рамнотежа“, смета Безос. Тој наведува дека односот меѓу неговата работа и приватниот живот е реципрочен.

Ако сум задоволен во приватниот живот на работа доаѓа со огромна сила и енергија. Исто така, ако сум среќен на работа, дома се враќам исполнет со голема енергија. Никогаш не треба да бидете некој кој со самото свое присуство на состанок ја уништува сета енергија во просторијата. Треба да сакате да дојдете на работа и на сите да им дадете поттик за успешен работен ден“, порача Безос од неодамна организиран настан на Business Insider.

Сподели!
- Advertisement -