Microsoft се придружи на глобалното движење за чистење на планетата Let’s Do It! World

- Advertisement -

Компанијата Microsoft се приклучи на глобалното движење Let’s Do It! World во акцијата за отстранување на отпадот која ќе биде организирана на 15 септември годинава. „Целта е комплетните податоци за отпадот да се соберат на едно место и да се прикажат на едноставен начин“ се наведува во соопштението од Microsoft.

Со помош на податоците собрани од јавноста, новите технолошки платформи и иновативните решенија како Azure, движењето Let’s Do It! World го мапира отпадот од целиот свет, кој потоа ќе се отстрани и истовремено ќе се индексира преку Светскиот индекс за отпад (World Waste Index) и светската платформа за отпад (World Waste Platform).

- Advertisement -

Таквата база на податоци, истакнуваат, помага да се сфати сериозноста на проблемот кој го претставува отпадот и укажува дека исчезнуваат милиони тони ресурси кои може да се искористат.

„Основната цел на нашето движење е да ги обединиме луѓето преку соработка и да го препознаат проблемот што го претставува отпадот. Let’s Do It! World моментално постои и работи во 128 земји. Тоа значи дека сите мора да бидеме во истиот тек на информации додека го подготвуваме планот за чистење на планетата, а современите технологии се единствениот начин да го постигнеме тоа поради што користиме Azure, Office365 и Skype во комуникацијата и размената на податоци“ изјави лидерката на тимот на Let’s Do It! World, Кадри Марипуу.

- Advertisement -

Let’s Do It! World е граѓанско движење кое настана во Естонија во 2008 година кога 50.000 луѓе се обединија за да ја исчистат Земјата за само 5 часа. Сега во движењето се вклучени 20 милиони луѓе за расчистување на дивите депонии од целиот свет.

Сподели!
- Advertisement -