Динамичното време и начин на живеење само ја зголемуваат веќе огромната „зависност“ која сите ја имаме од користењето на интернет. За потребите на учењето или студирањето, за време на работните активности, за игри и разонода… веќе дури не тргаме на пат без да ја вклучиме навигацијата која работи или чија најнова мапа претходно сме ја симнале преку интернет на нашиот мобилен телефон.
Интернетот е секаде околу нас, па станува сè потешко да се убедиме дури и самите себе во фразите „Нема да му давам на моето дете да седи на интернет„ или „Колку што можам подоцна ќе му купам мобилен телефон со интернет“ и слично.
Но, што реално може да се случи?
Без родителска контрола и заштита, детето лесно да пристапи до видео содржини кои не се за неговата возраст. Ова може да се случи со едноставно следење на делот за „поврзани видеа“ на YouTube или друга платформа за видео содржини. Ова е најчестата „замка“ во која паѓаат децата уште од најмали нозе бидејќи го следат „патот“ кој им го покажува платформата, а YouTube по правило нема прилагодено, ниту може сам по себе да знае колкава е возраста на детето кое во моментот управува со мобилниот телефон или компјутерот.
Исто така, децата многу едноставно преку обичните или попап банери, може да пристапат на содржини полни со материјали само за полнолетни, или, пак, тестови кои содржат насилство и вознемирувачка содржина.
Повеќе светски асоцијации на педијатри и на родители постојано предупредуваат од овој тип на опасности со кои можат да се соочат децата во интернет просторот, како и од несаканите последици со кои тие можат да се одразат врз детскиот раст и развој. Тие ја посочуваат важноста од родителската контрола и информираност со цел да се превенираат ваквите случувања и последици.
Токму од овие причини, во светот постојано се создаваат и развиваат софтвери за родителска заштита кои имаат за цел да им помогнат на родителите во заштитата на нивните деца додека се приклучени на интернет преку компјутер, таблет или мобилен телефон.
Компанијата Кабтел, која е ексклузивен застапник за производите на реномираната меѓународна лабораторија за интернет безбедност Касперски на домашниот пазар ја нуди мултимедијалната платформа за интернет безбедност на деца Safe Kids .
Safe Kids овозможува заштита од ризиците на интернет, односно помага да се насочат децата, така што тие ќе имаат пристап до одредени типови на веб-страници, содржини и апликации соодветни за нивната возраст. Оваа опција им помага на родителите да ги заштитат своите деца од пристапување на интернет содржини кои се неадекватни за нивната возраст и кои можат да го нарушат нивниот развој, но и да ги вознемират или направат агресивни. Исто така, на овој начин детето се заштитува да не дојде во евентуален допир со сајбер-насилство, односно да не бидат психички омаловажувани и малтретирани.
Мултимедијалната платформа за заштита на децата на интернет, Safe Kids, исто така, овозможува мониторинг на комуникациите на децата, вклучувајќи ги и јавните активности на Фејсбук, повиците и СМС-пораките на андроид уредите, како и потврда за локацијата на која се наоѓа детето, односно на мапа ја покажува локацијата на детето и во реално време праќа нотификации, доколку ја напушти безбедната зона која родителот ќе ја дефинира.
Истовремено, Safe Kids му помага на детето при користење на веб-страници и уреди, со што лесно го насочува како да управува со своето време поминато на уредот.
Safe Kids е достапен и на македонскиот пазар по симболична цена од 950 денари за цела година, а лиценцата може да се користи за повеќе мобилни уреди во семејството.
Повеќе информации за оваа мултимедијална платформа можете да прочитате на следниот ЛИНК .