Словачки AeroMobil претстави летачко такси кое се трансформира во електричен авион

- Advertisement -

Дизајниран за небото и за улиците, AeroMobil 5.0 е последната футуристичка креација на словачката компанија за летачки атомобили AeroMobil. Наместо да полетува како што полетува еден обичен авион, AeroMobil 5.0 може да се подигне вертикално со помош на моќните ротори поставени во крилата кои се собираат. Задниот пропелер го забрзува движењето кога веќе е во воздух. Автомобилот е регистриран како првото и единствено електрично возило кое може да се подигнува и да се спушта вертикално.

https://www.youtube.com/watch?v=gbDJiihaFDY

- Advertisement -

AeroMobil 5.0 е дизајниран да ги надополни претходните модели на летачки автомобили од компанијата, вклучувајќи го и AeroMobil 4.0. „Стратегијата за правење повеќе производи значи дека можеме да обезбедиме урбан транспорт со AeroMobil 5.0 VTOL и градски превоз со AeroMobil 4.0 STOL. Нашата стратегија ги реши ограничувањата на алтернативните VTOL концепти кои мора да слетуваат на посебни летувалишта наместо да ја користат постојната патна инфраструктура“ вели Јурај Вацулик, соосновач и извршен директор на AeroMobil.

AeroMobil 5.0 ќе може да собере 4 патници, а секој од нив ќе има пристап со персонализирано искуство благодарение на софистицирани напредни податоци, комуникациски и медиски систем во автомобилот. Се очекува првите автомобили да бидат доставени до сопствениците до 2025 година.

Сподели!
- Advertisement -