Илон Маск ќе ја оствари идејата на неговите фанови – ќе прави Teslaquilа?!

- Advertisement -

Кога Илон Маск се пошегува за 1 април дека неговата компанија Tesla банкротирала, сигурно ни на крај памет не му падна дека од тоа може да се изроди некој нов бизнис. Имено, неговите следбеници на Twitter со одушевување ја прифатија идејата Маск во очај поради банкротот да се напие Teslaquilа, посебна текила со брендот Teslа.

Тие го предизвикаа неговата идеја за Teslaquilа од првоаприлска шега да ја претвори во реалност, а Маск го прифати предизвикот. Само неколку дена подоцна тој на Instagram објави фотографија на шише од вистинска Teslaquilа, пренесува Zimo.

- Advertisement -

Иако не напиша никакви дополнителни информации, на фотографијата се гледа дека новата Teslaquila би требало да содржи 40% алкохол, што е вообичаено за текилата и да доаѓа во шишиња од 750 милилитри. Во свој стил, Маск додаде дека во чест на Teslaquilа ќе организира бесплатна консумација на пијалакот во салоните на Teslа секој 1 април.

Дали Teslaquila навистина ќе го пронајде својот пат до фановите на Teslа останува да видиме, но ова не е прв пат една компанија на Маск да лансира свој пијалак. SpaceX, компанијата за вселенски летови и истражувања , на сличен начин го претстави виното SpaceX, на кое пишува „Многу среќни враќања дома“.

Сподели!
- Advertisement -