Лос Анџелес ги фарба улиците со бела боја за да го намали затоплувањето на градот

- Advertisement -

Како дел од мерките против климатските промени, градот Лос Анџелес реши да ги офарба улиците во градот во светло сива кон бела боја CoolSeal која ги лади површините. Како што пренесува CBS News, бојата се нанесува на улиците, а потоа вработени во претпријатието рачно ги мазнат новоофарбаните површини.

- Advertisement -

Лос Анџелес како и многу други модерни градови има илјадници километри асфалт кој апсорбира од 80% до 95% од сончевите зраци што значи дека не се затоплуваат само улиците, туку и целата околина. Оваа појава уште се нарекува ефект на урбан топлотен остров кој предизвикува температурата во градовите да биде за неколку степени повисока од околината.

Специјалната боја која лади е изработена од компанијата GuardTop и функционира на начин што ги рефлектира сончевите зраци и асфалтот апсорбира многу помала количина од нив. Оваа мерка ќе предизвика улиците во Лос Анџелес да бидат за десетина степени поладни отколку градот и нема да придонесуваат за негово загревање, што значи дека и зградите во градот нема да имаат потреба од интензивно користење на клима уреди.

- Advertisement -

Асфалтот во посветла боја исто така може да спречи болести предизвикани од високите температури и топлотни удари. Неговата висока рефлективност придонесува и кон заштеда на енергија за осветлување на улиците и паркинг местата кога сонцето заоѓа. Се претпоставува дека ваквите улици со CoolSeal покривка емитираат помалку стакленични гасови и го намалуваат воздушното загадување.

- Advertisement -

Оваа технологија засега е доста скапа, а од градските власти објавиле дека Лос Анџелес одвојува по 40.000 долари за секој офарбан километар со CoolSeal.

Сподели!
- Advertisement -