Иако бројни медиуми упатени во ситуацијата во Apple тврдат дека во компанијата не се задоволни со побарувачката за iPhone X, па морале да ја намалат и производата мрежа, податоците за остварениот профит на одделни модели паметни телефони покажуваат дека Тим Кук и екипата може и тоа како да бида задоволни со бројките за продажбата на “десетката“.
Според резултатите на истражувањето на Counterpoint Research, Apple од продажбата на iPhonе X остварил најголем профит на глобалниот пазар за паметни телефони – дури 35%. Особено е интересен фактот дека истражувањето се однесува на последните три месеци од минатата година, а iPhone X беше во продажба само два месеци, пренесува Zimo наводи на ZDNet.
Во последно време на Интернет кружат информации дека во Apple сфатиле дека iPhone X е прескап и дека идната генерација тел3ефони може да биде поевтина за 100 долари, но со оглед на податоците, се чини дека Apple нема смисла да ја намалува цената на телефонот и својата маржа затоа што се покажа дека љубителите на компанијата се подготвени да платат висока цена за топ моделот со логото на компанијата.
Уште еден податок на Counterpoint Research врзан за профитот на глобално ниво кој ќе ги развесели во Apple е дека меѓу топ 10 телефони кои оствариле најголем профит се наоѓаат дури 8 телефони на Apple, додека останатите два се модели на Samsung.
По моделот X, кој е на врвот на листата, следуваат iPhone 8 (19,1%) и 8 Plus (15,2%), па двете “седумки“(7 – 6,2% и 7 Plus – 5%), па Galaxy Note 8 (3,9%, iPhone 6 (1,8%), Galaxy S8 Plus (1,7%), iPhone 6S (1,6%) и на деветто место е iPhone SE.