Топлинските пумпи на Viessmann од ЕМ Груп-Електрометал не загадуваат и штедат енергија и пари

- Advertisement -

Заштитата на животната средина, воздухот и водата се услов за обезбедување на иднината на идните генерации и на планетата генерално. Заради тоа и инвестициите во еколошки грејни уреди е од голема важност за се` поголем број домаќинства и деловни објекти. За потребите на домаќинствата и компаниите, ЕМ Груп Електрометал  нуди најнова генерација грејни тела, топлински пумпи и соларни колектори. Тоа е поводот „Иновативност“ да поразговара со Дејан Павковски, д.м.и. од ЕМ груп- Електрометал“

 

Енергетската ефикасност и обезбедувањето топол дом за граѓаните по пристојни цени е приоритет за компанијата EМ Груп Електрометал, која на македонскиот пазар постои повеќе од пет децении. Компанијата е застапник на германскиот производител „Висман“, (Viessmann), водечки светски производител на системи за греење и уреди за производство на топлина и ладење. Покрај „Висман“, компанијата е ексклузивен дистрибутер и на „Исо Плус“ од Германија која нуди предизолирани цевки и фитинзи од бакар, челик и алуминиум, кои служат за пренос на било каков енергенс, како и на „Хајмер“, компанија за производство на уреди за термостатска регулација, исто така од Германија.

- Advertisement -
Дејан Павковски

Заштитата на животната средина, воздухот и водата се услов за обезбедување на иднината на идните генерации и на планетата генерално. Заради тоа и инвестициите во еколошки грејни уреди е од голема важност за се` поголем број домаќинства и деловни објекти.За потребите на домаќинствата и компаниите, ЕМ Груп Електрометал  нуди најнова генерација грејни тела, топлински пумпи и соларни колектори. Тоа е поводот „Иновативност“ да поразговара со Дејан Павковски, дипломиран машински инженер во ЕМ груп- Електрометал“.

 

- Advertisement -

 

Според искуствата на корисниците на топлинските пумпи Viessmann ,  куќа од 70 квадратни метри може да се загрева за 65 денари дневно или за помалку од 2.000 денари месечно, додека во двокатна куќа со грејна површина од 170 квадратни метри овој трошок во просек е 124 денари дневно, или околу 3.800 денари. Двата објекти имаат фасада со изолација од 5 сантиметри и PVC двослојни вакуумски стакла. Температурата на воздухот која се постигнува е 22-23 степени Целзиусови, при просечни надворешни температури од 5 до 8 степени.

- Advertisement -

Топлинската пумпа е уред сличен на клима уредите со внатрешна и надворешна единица, или пак, само со внатрешна. Работи на истиот принципот како фрижидерот, само обратно – фрижидерот во внатрешниот дел создава ладна клима, а топлинската енергија ја пренесува  надвор, додека топлинската пумпа создава топлина во објектот, користејќи ја енергијата од воздухот или водата“,  вели Павковски.

Тој посочува дека компанијата ЕМ Груп- Електрометал е групација со широк дијапазон дејности во угостителството, градежништвото, проектирањето, инженерингот, трговијата итн, а последниот период се интензивира и разработува и секторот за унапредување на енергетската ефикасност на објектите.


Топлинските пумпи,кои се дел од асортиманот на компанијата, можат да се користат и за ладење и за греење, што значи дека домаќинствата и деловните објекти нема да имаат потреба од дополнителни инвестиции, а енергија ќе штедат и лете и зиме. Во понудата на Viessamnn  постојат различни видови на вакви пумпи, едни ја користат енергијата од воздухот,  други од водата одосно геотермални пумпи. Типот на пумпата и нејзината големина се избира врз основа на испитувањето и детална пресметка кој вид на пумпа најмногу одговора според условите на објектот и повратот на инвестицијата.

Искористувањето на сончевата, геотермалната или енергијата на ветерот, со најновите технологии, не само што не загадува, туку  заштедува и го подобрува квалитетот на живот. Инвестициите во еколошко греење и ладење се враќаат во просек за 3 до 5 години, а заштедите за семејниот или компанискиот буџет одат и над 30 проценти. Новите технологии со класа на енергетска ефикасност А++ овозможуваат голема искористливост на пумпите со коефициент до 5 (COP= 5)според (A7/W35), што во пракса значи за еден киловат вложена/потрошена електрична енергија се добиваат пет киловати искористена енергија.

[quote]Инвестициите во еколошко греење и ладење се враќаат во просек за 3 до 5 години, а заштедите за семејниот или компанискиот буџет одат и над 30 проценти.[/quote]

Еден пример за “брза” заштеда 

Ако дома имате десет радијатори и поставите десет термостати кои чинат по 100 евра, тоа е инвестиција од 1.000 евра. Прецизно конфигурираните термостатски вентили за радијатори можат да ја намалат потрошувачката на енергија дури за 28% во споредба со рачните вентили на радијаторот.

Заменувањето на старомодните термостатски глави (оние што се произведени пред 1988 година) со модерни верзии може да достигнат до 7% заштеда на енергија.

Во прилог на поголемата употреба на еколошки грејни уреди се и активностите на неколку банки кои во своите портфолија вклучуваат и „зелени“ кредити, наменски средства за вакви инвестиции. Опциите кои ги нудат две комерцијални банки за грантирање до 20 проценти од износот се одлична можност, со тоа што доколку се купи еден производ програмите нудат враќање на инвестицијата од 15 %, а за два производи од 20%, што не е занемарливо, особено ако инвестицијата изнесувала 6.000 евра. Понудата е за физички лица, односно домаќинства, но може да учествуваат и здруженија за домување ,даватели на услуги, трговци како и  производители на овие технологии.

Павковски вели дека економската ситуација во земјава на семејствата ги отежнува инвестициите, па од тука и побарувачката на грејни уреди од најновата генерација. Сепак, тие што го препознаваат Viessmann  како светски, водечки и премиум бренд, а воедно и што навистина се свесни за екологија и сакаат да заштедат, знаат што да побараат.

На македонскиот пазар до неодамна најкористени грејни тела беа котлите за греење кои работат на дрва или на пелети. Сепак, ниту пелетите, според Павковски,не ги задоволуваат еколошките стандарди и може да го загадуваат воздухот. Целта на ЕМ Груп-Електрометал е потребите на домаќинствата и компаниите за греење и ладење да се задоволат со грејни уреди кои се енергетски ефикасни, но и едноставни за употреба. Дополнително ЕМ Груп-Електрометал  продава и експертиза, односно проценка, советување и монтажа, а Viessmann дополнително нуди и гаранција од две години.


„Цените на инвестицијата варираат во зависност од објектот, па на почетокот инвестицијата можеби е четири до пет пати поскапа за разлика од котлите на пелети или цврсто гориво.  Но, на подолг рок, во дом со добра изолација и столарија, инвестицијата може да се врати за четири до пет години, а се понатаму е заштеда. Со пумпата нема обврски за чистење, купување пелети или дрва, носење, палење итн. Работи на многу едноставен принцип и откако ќе се подеси и ќе се вклучи, можете да ја “заборавите”. Сопственикот е опуштен бидејќи не се грижи за надворешните температури, доволно е само да ја сетира и домот да биде стоплен или оладен, зависно од условите. Истовремено, може да се приклучи да ја загрева и санитарната вода за целиот стан, што би значело и дополнителна заштеда
“, вели Павковски.

 

Сподели!
- Advertisement -