Запознајте го роботот барист кој може да им направи кафе на 400 луѓе дневно

- Advertisement -

Деновите кога чекавте во редица за да си купите кафе се минато. Запознајте го Café X, роботот барист кој чини 25.000 долари дизајниран од Mitsubishi и програмиран со предефинирани движења како земање чаша и ставање млеко на кафето, пишува DailyMail.

Овој рбот, оточно роботска рака може да направи 120 шолји кафе на час и самиот претставува целосно функционално кафуле кое може да прими од 300 до 400 нарачки дневно за прилично ниски цени. Компанијата Cafe X Technologies првиот ваков роботизиран киоск го претстави во Сан Франциско минатата година.

- Advertisement -

Тимот кој стои зад роботот, Ammunition Group, е истиот кој учестуваше во изработката на слушалките и звучниците Dr. Dre’s Beats.Роботот е специјално дизајниран за да се елиминираат сите проблеми со кафетериите денес. „Не се обидуваме да ги замениме баристите или односот корисник-барист. Едноставно, видовме можност да направиме нешто ппубаво и поинтересно од стандарден автомат за кафе“ велат од Ammunition Group.

Од дизајнерски аспект, намерата била да се направи робот кој изгледа кул, а не глупаво и смотано, па токму затоа роботот нема очи, лице или иронични мустаќи. Од компанијата велат дека разликата од останатите кафетерии и Cafe X е тоа што роботот барист го елиминира чекањето шолка кафе.

- Advertisement -

„Знаевме дека еден робот може да направи извонредно кафе, но сакавме тој изтовремено да изгледа топло и пријателски. Од мое искуство, сите баристи се како некои работници во фабрика кои механички прават движења и притискаат копчиња. Тоа ме замисли. Решив да направам производ кој сето тоа ќе го автоматизира на поефикасен начин“ вели 24-годишниот Хенри Ху, кој е изумител на роботот. 

Роботот е затворен во киоск сличен на аквариум со огромен прозорец од плексиглас. Програмиран е да прави одредени движења и да го услужи купувачот на прозорецот. Купувачите можат да нарачаат пијалци базирани на еспресо на два начини: директно на киоскот или преку мобилен телефон. Кога ќе нарачуваат во киоскот треба да внесат во системот преку таблет што сакаат и за помалју од минута робото ќе ги услужи. 

Сподели!
- Advertisement -