Илон Маск потврди: земјата која се копа за подземните тунели ќе се искористи за правење евтини тули за градење

- Advertisement -

Дали наредниот подвиг на Илон Маск ќе биде изградба на евтини куќи? Во текот на неделава тој на Twitter напиша дека земјата која се копа за тунелите што ги прави неговата Boring Company ќе се искористи за правење тули за изградба на евтини куќи. Портпарол од компанијата ја потврди оваа негоава објава и истакна дека на овој начин ќе се добие неверојатна количина евтини тули,  пренесува Inhabitat.

Портапролот на Boring Company истакна дека тулите ќе се прават од ископаната земја и кал. Маск претходно зборуваше дека можеби ќе ги продава ископаните материјалите, а во март годинава напиша дека ќе прави тули слични на ЛЕГО коцки инспирирани од градбите во стариот Египет. Кога го прашаа дали тие тули ќе може да се користат за градење евтини куќи во целиот свет, тој го потврди тоа и додаде дека надворешните ѕидови на куќите ќе може да се направат за еден или два дена.

- Advertisement -

Се чини дека Маск навистина е сериозен во оваа негова намера, иако многу експерти коментираат дека високите цени на куќите не се последица само на скапите градежни материјали туку и на работната рака. Од Boring Company велат дека и нивните идни канцеларии можеби ќе бидат направени со такви тули, а можеби дури и за обложување на внатрешноста на тунелите.

Сподели!
- Advertisement -