Ова е најпродаваниот Android телефон во светот

- Advertisement -

Рецептот за успехот на оваа компанија уште од првите модели е што подобар хардвер по што попристапна цена. Во пресрет на неодамнешното излегување на берза на Xiaomi на берза компанијата може да биде исклучително задоволна со моменталната позиција на мобилниот пазар – глобално, а особено во Азија и во Европа уделот на Xiaomi е се поголем и стануваат се поголема закана за големите и многу попознати компании, пишува Poslovni Dnevnik.

Ницните телефони особено се популарни во Кина, но и на другите пазари корисниците се повеќе го избираат Xiaomi затоа што за истата цена што ќе ја платат за некој телефон од средна или ниска класа од познат бренд можат да си купат кинески уред со многу подобри опции.

- Advertisement -

Во своите извештаи за испораката на телефони во првиот квартал од годинава аналитичките компании Counterpoint Research и Canalys го нагласуваат големиот успех на Xiaomi, а според Counterpoint, телефонот Redmi 5A на Xiaomi е најпродаваниот Android телефон во светот во март годинава и трети најпродаван паметен телефон во светот после iPhone X и iPhonе 8 Plus.

Што се однесува на моделот Redmi 5A, телефонот има екран од 5 инчи и резолуција од 720 x 1280 пиксели, процесор Snapdragon 425, има 3 GB RAM и камера со резолуција од 13 MP.

Сподели!
- Advertisement -