Корисниците на iPhone наскоро со мобилен телефон ќе можат да ја отклучуваат вратата од домот и од автомобилот

- Advertisement -

Компанијата Apple сака да воведе нова функција која на корисниците на iPhone ќе им овозможи со својот мобилен телефон да ја отклучат вратата од домот и врата на автомобилот. Тоа ќе биде возможно благодарение на NFC чип во паметните телефони, кој овозможува користење на услуги од типот на Apple Pay. Така чипот ќе добие поширока примена.

Промената на NFC чипот се очекува наредниот месец и треба да го означи почетокот на користењето на iPhone за други безбедносно осетливи интеракции како плаќање превоз, отклучување врата до проверка на идентитет.

- Advertisement -

NFC чиповите може да се користат на бројни начини вклучувајќи и во здравствената индустрија. Промените ќе бидат имплементирани по претстојната конференција iOS 12, а на новите опции Apple работи уште од 2014 година заедно со компанијата HID Global. Претставувањето на новите опции се очекува на почетокот на јуни на Woldwide Developers Conference (WWDC).

Сподели!
- Advertisement -