Apple и Volkswagen заедно ќе прават автономни возила

- Advertisement -

Пред две години  Apple имаше ангажирано повеќе од 1.000 луѓе на програмата за развој на автономни автомобили Project Titan. Тогаш кружеа гласини дека Apple работи на развој на сопствен беспилотен автомобил со оглед на тоа дека ангажираше и софтверски инженер кој работеше и на програмата Autopilot за Tesla. Оттогаш досега не се случи ништо освен што се проширија гласини дека компанијата го затворила проектот Project Titan.

Сега New York Times пишува дека по повеќе годинишни обиди да ги натера гигантите Mercedes и BMW да направат беспилотни автoмобили со софтвер на Apple, технолошката компанија конечно се договорила со Volkswagen да ги претвори нивните комбиња Volkswagen T6 во полуавтономни возила кои ќе ги транспортираат вработените на Apple помеѓу кампусите.

- Advertisement -

Според извори на Times, преговорите со Mercedes и BMW не успеале поради барањата на Apple компаниите да и дозволат да ги дизајнира возилата и да има контрола врз собраните податоци од беспилотното возење. Токму затоа Apple почна да бара друга компанија со која заеднички ќе направат беспилотен автомобил.

Volkswagen T6 е претворено во целосно електрично возило со ниво 3 на автономија. Овие комбиња ќе се користат за превоз на вработените на Apple помеѓу кампусите. Зад воланот ќе седи возач, а на задното седиште ќе седи друг инженер. Според досегашните информации, Apple денес во поглед на беспилотната технологија е таму каде што беше Waymo пред 3 години.

- Advertisement -

Трката за развој на софтвер за беспилотни автомобили се вжештува и се чини дека Apple засега е далеку зад лидерите. Неделава се проширија гласини дека компанијата Mobileye добила нарачка за 8 милиони беспилотни системи за неименуван германски производител на автомобили. Пред тоа постојано се пишуваше за агресивниот раст на кинеските компании. Амбициите на Apple да стане лидер на ова поле засега се само желба со оглед на моменталната ситуација на пазарот.

Сподели!
- Advertisement -