Лондон повеќе не е најатрактивната дестинација за странските инвеститори и е заменет од Париз, покажало истражувањето на консултантско-ревизорската куќа Ernst & Young. Ова се случува за првпат во последниве 15 години колку што куќата го објавува годишниот извештај.
Како што пренесува N1, промената од една страна е ефект од Брексит, одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ, а од друга страна пак поради т.н. „Макрон ефект“, односно реформата на францускиот претседател Емануел Макрон која се однесува на бизнис секторот.
Во истражувањето биле опфатени 502 компании, а француската престолнина како најпопуларна дестинација за директни странски инвестиции ја избрале 37% од испитаниците, додека за Лондон се одлучиле 34%.
Но гледано во целина, Велика Британија во 2017 година останала водечка европска дестинација за директни странски инвестиции со 1 205 од вкупно 6 653 нови инвестициски проекти во цела Европа, пред Германија каде се во тек 1 124 проекти и Франција со 1 019 проекти.
Но овој број на тековни инвестициски проекти во Франција скокнаа за 31% во една година, додека растот на бројот на инвестициски проекти во Велика Британија бележи успорување.
Не третото место по странски инвестиции се наоѓа Берлин, а на четвртото Франкфурт.