Ви се случува често да барате безжична мрежа која е сигурна и квалитетна? Наместо да барате сами, инсталирајте некоја од овие апликации или пристапете до некоја од веб страниците кои отсега натаму ќе ви го олеснат секојдневието и потрагата по Интернет
1. Instabridge App: Free WiFi Passwords and Hotspots
Instabridge е гемифицирана база на бесплатни Wi-Fi мрежи која ја одржуваат самите корисници со тоа што постојано додаваат и оценуваат Wi-Fi мрежи. Она што треба да го направите кога ќе дојдете во кафулето или ресторанот е да ја вклучите опцијата на телефонот за Wi-Fi додека апликацијата ви е активна, да ја изберете безжичната мрежа на локалот и ќе бидете автоматски логирани.
Кога ќе откриете нова оаза за Wi-Fi мрежи, можете да бидете совесен и корисен член на заедницата со тоа што ќе ја впишете лозинката во апликацијата.
2. WiFox
3. Avast Wi-Fi Finder
Овој софтвер за пронаоѓање на Wi – Fi мрежи има акцент на веб сигурноста. Општо е познато дека бесплатните Wi – Fi мрежи се поврзуваат со хакерски напади, крадење на податоци и вируси.
Оваа алатка на Avast му ги прикажува на корисникот сите достапни Wi – Fi мрежи, како и оние кои се во релативна близина. Пред да се приклучите на една од нив, Avast ќе се обиде да открие дали се работи за сигурна мрежа или не. Ова е мала, но клучна алатка која не ја нуди ниту еден друг софтвер за пронаоѓање Wi – Fi мрежи.
4. Places to work
Секако, некои од локациите се кафулиња каде за да користите бесплатна Wi-Fi мрежа ќе мора да нарачате нешто од нивното мени или пак coworking простор каде можеби ќе треба да платите повеќе. Како и да е, оваа алатка ќе ви користи дефинитивно во пронаоѓањето на Wi-Fi мрежа. Пристапете до оваа база на следниов линк.