Клучни одговори зошто треба да бидете дел од Мастер класот на Авенга Академи?

- Advertisement -

Неделава присуствував на инфо-сесијата за претстојниот ВИ Мастерклас на Авенга Академи. Во последно време, темата за ВИ е насекаде – конференции, панели, ветувања за револуции. Па очекувано ми дојде прашањето дали ова е уште еден разговор за иднината, или нешто што реално и конкретно им помага на лидерите денес?

Наместо технички термини и футуристички ветувања, разговорот се вртеше околу нешто многу поконкретно: Како еден лидер да донесе правилна одлука за ВИ. Каде има смисла да се инвестира? Кога ќе се врати инвестицијата и која е улогата на лидерот?

- Advertisement -

Ви пренесувам неколку најважни прашања на кој добив одговори, а верувам дека легитимно си ги поставува секој што сака да инвестира во едукација за ВИ.

Пишува – Верица Јорданова

- Advertisement -

Што е овој мастерклас? Што всушност ќе се случува?

Ова е интензивна, структурирана програма за бизнис лидери кои треба да донесат реална одлука:  Дали, кога и како ВИ има смисла за мојата компанија – и по која цена.

- Advertisement -

Притоа, нема да се зборува апстрактно за технологија. Ќе се зборува за профитабилност, ефикасност и конкурентска предност. Ќе се анализираат конкретни случаи, ќе се разгледуваат финансиските импликации и ќе се постви јасен пристап кон имплементација. Целта е едноставна – бизнис лидерите да излезет со јасна насока, не со дополнителни дилеми.

Дали е потребно техничко знаење?

Не. Ова не е техничка обука, туку лидерска. Фокусот е на стратегијата  односно на тоа која е „работата“ што ВИ треба да ја заврши во вашиот бизнис и како тоа да се измери. Ова е за сите што носат одлуки и го движат бизнисот напред.

Зошто е важно менаџерите да ја разберат ВИ?

Во компанија, ВИ има вредност само ако подобрува конкретни перформанси – раст на приход, намалување трошоци, подобра ефикасност, намален ризик.

Пред инвестиција, мора да знаете што точно очекувате и како ќе го измерите тоа. Токму таа јасност ја решава овој Мастерклас. Затоа што ВИ не е тренд што може да се игнорира, но уште помалку е нешто што треба да се имплементира без јасна смисла.

Како ВИ може конкретно да ми помогне?

Многу практично. Пример, во банкарството, може да го скрати одобрувањето на кредит од денови на минути или да ја зголеми конверзијата преку персонализирани понуди.

Во производство, може однапред да предвиди дефект и да спречи загуба заради застој. Во маркетинг, ВИ помага да престанете да „трошите на сите“, и наместо тоа да инвестирате таму каде што веројатноста за продажба е најголема.

Разликата е што тука не зборуваме само за “туѓи примери”. Најголема вредност за секој учесник е што на Мастеркласот заедно ќе почнеме да ги мапираме можностите во вашата компанија.

Што ќе научам на обуката?

Овој МАстерклас те учи како да препознаш ВИ проект што навистина има потенцијал.

Како да го процените повратот на инвестицијата. Како да ги поставите вистинските KPI и приоритети. Со други зборови – ќе добиете рамка за одлучување што можете веднаш да ја примените.

Кој треба да присуствува?

Лидери кои не сакаат да реагираат доцна. Индустријата не е ограничување – принципите важат подеднакво во финансии, производство, трговија или услуги. Секој учесник ќе работи на сопствен бизнис случај, што значи дека излегува со конкретна насока и проценет потенцијал.

Колку трае и каков е форматот?

Програмата трае 5 дена, по 2,5 часа. Интензивно, но оптимизирано за динамичен распоред. Форматот е интерактивен и фокусиран на практична примена и работа на бизнис сценарија, не на пасивно слушање.

Што ќе научам што сега не го знам?

Како реално да процените дали ВИ проектот вреди. Каде е вистинската вредност, каде е ризикот, кого треба да се подготвиме, кого да обучиме и како да направиме сериозна ROI анализа.

Со други зборови ќе донесете информирана одлука и ќе делувате веднаш

Зошто вреди да се инвестира во знаење за ВИ?

Затоа што ВИ е катализатор. Ако го користиме правилно, ќе го засили нашиот бизнис. Ако избрзаме имплементација без добра анализа, изнвестицијата може скапо да чини и да не донесе резултати. Ако го одложуваме, ризикуваме да изгубиме чекор, да заостанеме .

Инвестицијата во ова знаење не е технолошка одлука – туку лидерска одлука.

И прашањето повеќе не е дали ВИ ќе влијае на вашата индустрија, туку дали ќе бидеме подготвени кога тоа ќе се случи.
По инфо-сесијата, впечатокот ми е дека ова не е програма за ентузијасти за технологија, туку за лидери кои точно сакаат да знаат каде ВИ навистина носи резултат. Доколку ВИ веќе е тема во вашите стратешки разговори, вреди да разгледате што нуди Master Class-от на LearnAI Lab на следниов линк:
https://avengaacademy.com/ai-masterclass-for-business-leaders/

Сподели!
- Advertisement -