Apple забрани „рударење“ криптовалути на iPhone и iPad

- Advertisement -

Во неодамнешните насоки за девелоперите Apple вклучи и порака која има за цел да ги одврати идните „рудари“ на криптовалути. Новите правила на компанијата ставаат ограничување на апликациите кои генерираат вишок топлина, користат непотребни системски ресурси или на кој било друг начин ја исцрпуваат батеријата или влијаат на перформансите на уредите.

Како што пишува Apple, апликациите кои во нив вклучуваат реклами можеби нема да работат паралелно со нив неповрзани процеси како што е „рударењето“ криптовалути, пишува The Next Web. Додека многумина ќе се изнасмеат на идејата за „рударење“ криптовалути на iPhone, пораката не се однесува на апликациите кои се специјално создадени за „рударење“ и кои веќе беа забранети со надградба од 2014 година.

- Advertisement -

Наместо тоа, забраната се однесува на позадински процеси во една апликација како што се огласи или скриптови. Некои апликации и онлајн публикации, на пример, овозможуваат во позадина да се користат системските ресурси за „рударење“ додека корисниците користат некоја апликација или услуга, а некогаш и без нивна дозвола. Новата забрана, всушност, се однесува и на активното и пасивното „рударење“.

Сподели!
- Advertisement -