Forbes ги рангираше најбогатите жени во светот за 2018 година

- Advertisement -

На листата на најбогатите луѓе во светот, годинава се рангирани 256 жени чие заедничко богатство вкупно изнесува околу еден трилион долари што е за 20% повеќе во споредба со изминатата година. Иако најголемиот дел од најбогатите жени во светот го наследиле своето богатство, повеќе од една четвртина од жените-могули сами ги започнале бизнисите.

Меѓу десетте најбогати има жени од разни профили на бизниси, меѓу кои најмногу од секторот на малопродажба, потоа козметичка и автомобилска индустрија, како и бизнис со чоколади и рудници.

- Advertisement -
Алис Волтон

Најбогата жена на светот, моментално е Алис Волтон, ќерка на Сем Волтон, основачот на американската компанија Walmart. Проценето е дека има имот во вредност од 46 милијарди долари. Walmart е најголема американска и светска компанија за трговија и поседува најголем синџир на малопродажба. Волтон ја презема првата позиција од Лилиен Бетенкорт – наследничката на францускиот козметички магнат L’Oreal која почина во септември минатата година.

На второто место е единственото дете на Лилиен Бетенкур, Франсоа Бетенкур Маерс која го наследи L’Oreal и сега има имот проценет на 42,2 милијарда долари. Потоа следува Сузан Клатен од Германија, која вреди околу 25 милијарда долари – богатство кое доаѓа од акциите во автомобилскиот гигант BMW. На четвртото место е Жаклин Марс која е сопственичката на познатиот бренд на чоколади Mars и моментално има имот во вредност од 23,6 милијарда долари.

- Advertisement -

Петтата позиција годинава ја зазема Јанг Хуијан од Кина која работи со недвижнини и „тежи“ околу 21,9 милијарда долари. Шеста е Лорен Пауел Џобс, која му беше сопруга на Стив Џобс и богатството од 18,8 милијарда долари ѝ доаѓа од акциите во Apple и Disney.

- Advertisement -
Ирис Фонтбона

На седмата позиција е рангирана Џина Рајнхарт од Австралија која работи во рударскиот бизнис и има богатство од 17,4 милијарда долари. Од истиов сектор на рудници, на осмото место доаѓа Ирис Фонтбона од Чиле која пак има богатство од околу 16,3 милијарда долари.

Абигејл Џонсон од САД, со богатство од 15,9 милијарда долари е на деветтата позиција и таа е познат финансиски менаџер. Десетта на листата на Forbes е Шарлин де Карваљо која е на чело на холандскиот пивски бренд Heineken со богатство од 15,8 милијарда долари.

Сподели!
- Advertisement -