Messenger воведува видеореклами во четот

- Advertisement -

Facebook во својата апликација за четување Messenger тестира видеореклами, кои ќе се појавуваат автоматски. Стефанос Лукакос, кој е одговорен за маркетингот на Messenger, изјави дека рекламите стартувале во понеделникот, пишува Poslovni Dnevnik.

Messenger почна да продава реклами во рамките на апликацијата уште пред 18 месеци, но тоа беа статични огласи, а не видеа како сега. Како што велат од Facebook, им недостига место за релами во Facebook, па се шират на новите платформи како Messenger и огласникот Marketplace.

- Advertisement -

Лукакос вели дека е свесен за опасноста корисниците на Messenger да не им се допадне да гледаат реклами покрај своите приватни пораки. Компанијата ќе го надгледува однесувањето на корисниците за да утврди дали ги одбиваат рекламите или не, додаде тој.

„Корисничкото искуство ни е приоритет, така што не знаеме дали ќе функционираат рекламите. Меѓутоа, досегашните знаци кога ги тестиравме основните реклами не покажаа никакви промени во начинот на кој луѓето ја користат платформата или во бројот на испратени пораки. Видеата би можеле да имаат поинаков ефект, но мислиме дека нема да биде така“ изјави Лукакос.

- Advertisement -

Од Facebook потенцираат дека овие реклами ќе се воведуваат постепено и внимателно и дека корисниците ќе ја задржат контролата.

Сподели!
- Advertisement -