Audi и Airbus ќе го тестираат летачкото такси во Германија

- Advertisement -

Од почетокот на 20-тиот век визионери, инвеситори и производители на автомобили се фокусирани на идејата за летачки автомобил, а сега компаниите Audi и Airbus планираат да го реализираат заедничкиот проект Urban Air Mobility и да го тестираат летачкото такси во Инголштат во Германија.

Во проектот ќе учествуваат и германскиот федерален министер за транспорт Андреас Шојер, министерката за дигитализација Дороти Бар, директорката на технолошкиот оддел на Airbus -Грација Витадини и градоначалникот на Инголштат, Кристијан Лозел.

- Advertisement -

Концепт автомобилот Pop.Up Next беше претставен на Саемот за автомобили во Женева годинава, а се состои од електричен автомобил со моторизирана база која се одвојува од него, пишува SEEBiz.eu. Ова возило, во суштина, е квадкоптер. Моторизираната база користи технологија за автономно возење од петто ниво.

Конектираниот, електричен и автономне автомобил ќе го направи превозот поудобен и почист за околината, а ќе заштеди и на простор. Тоа ќе резултира со поквалитетен живот на луѓето во градовите. Иако проектот е возбудлив, ќе бидат потребни години за да заживее во масовна употреба затоа што развојот на технологијата бара време и пари.

Сподели!
- Advertisement -