Во Кина почнува масовно производство на автономни автобуси

- Advertisement -

Ова е прва година на комерцијализацијата на автономното возење, изјави извршниот директор на Baidu, Робин Ли, во својот говор на конференција за вештачка интелигенција во Пекинг. Неговиот коментар се однесува на најавата на Baidu за почетокот на масовно производство на автономни автобуси – досега се произведени 100 примероци, кои први ќе бидат наменети за кинескиот пазар, но целта на компанијата е ширење на меѓународни пазари.

Кина со години е позната по извозот на евтини производи во целиот свет, но таа перцепција полека се менува и Кина би можела да биде еден од преводниците на развојот на вештачката интелигенција. „Во иднина Кина ќе извезува вештачка интелигенција во светот“ најави Ли.

- Advertisement -

Еден од тие извозни производи може да бидат и автономните автобуси Apollo, кои имаат четврти степен на автономија, што значи дека технологијата може целосно да управува со возењето во најголем број случаи. Петтиот степен автономија означува технологија која самостојно ќе може да управува во секакви услови како каллив пат и лоши временски услови.

Автобусите Apollo имаат помали димензии од класичните автобуси и во нив може да се возат 14 луѓе. Најинтересно е дека во нив нема седиште за возач, нема волан, нема папуча за гас, туку за возењето е задолжен исклучиво компјутер. Погонот е на електричен мотор и со полнење на батеријата од два часа може да поминат околу 100 километри, со максимална брзина до 70 км/ч.

- Advertisement -

Ваквите автобуси, барем на почеток, нема да се најдат на патиштата заедно со останатите возила со кои управуваат луѓе, туку треба да се користат во контролирани услови со малку сообраќај како на аеродроми, туристисчки места на кои е забранет пристап за автомобили итн. Автобусите наскоро ќе почнат да се користат во неколку кинески градови, а големи планови за Apollo во Јапонија има и компанијата Softbak, која купи 10 вакви автобуси и на почетокот на идната година ќе почне да ги тестира на улиците во Јапонија.

Сподели!
- Advertisement -