YouTube ќе ги известува креаторите на содржини ако некој им украде видео

- Advertisement -

YouTube направи алатка за креаторите на содржини на платформата која проверува дали нивните видеа се украдени. Секој пат кога некое видео ќе се објави на YouTube, сервисот ќе скенира и ќе проверува дали содржината веќе постои или е слична со некоја друга на платформата. Алатката ќе може да идентификува само целосни видеа, а не клипови, пренесува The Verge.

Алатката од YouTube ја нарекоа Copyright Match и ќе биде достапна за креаторите на содржини со повеќе од 100.000 следбеници почнувајќи од идната недела. За останатите корисници ќе биде достапна во текот на наредните неколку месеци. Креаторите кои ќе ја користат алатката ќе бидат известени ако се појават копии од нивни видеа на YouTube. Доколку алатката најде копии, креаторите се тие што ќе одлучат што да се преземе. Можат или да не направат ништо, да ја контактираат личноста која ја направила копијата или да побараат YouTube да ја отстрани копијата.

- Advertisement -

Мора да сте први што сте објавил некое видео за да се сметате за оригинални креатори, па постои можност некој друг да копира некое туѓо видео од Vimeo или Facebook и да го стави на YouTube пред оригиналниот креатор. YouTube веќе има слична програма наречена Сontent ID, која им помага на сопствениците на авторски права да си ги заштитат содржините од недозволено преземање.

Сподели!
- Advertisement -