Qualcomm ја претстави првата 5G антена за мобилни телефони во светот

- Advertisement -

За да може мрежата 5G да функционира на мобилните уреди потребни се многу компоненти, меѓу кои нови модеми и нов хардвер за вмрежување. Компанијата Qualcomm изјави дека решила еден од најголемите проблеми со новата мрежа. Qualcomm го претстави новиот QTM052 mmWave антенски модул, првиот во светот кој ќе овозможи користење на 5G мрежа на мобилните телефони. 

Ова е многу битно затоа што сите 5G мрежи не се исти. Како што покажаа тестовите кои ги направи Qualcomm на Mobile World Congress годинава, корисниците ќе добијат многу побрз Интернет благодарение на 5G мрежата, но вистински импресивен скок напред ќе биде mmWave мрежата. За се да функционира, најпрвин е потребен mmWave хардвер за мобилни телефони, а тоа не е лесна задача. Додека mmWave делот од спектарот нуди драматично поголема брзина, тој пренесува со пократок дострел и лесно го блокираат препреки како ѕидови, па дури и рацете на корисникот.

- Advertisement -

Но, од Qualcomm тврдат дека антената QTM052 е решение. Тоа е мала антена со големина на паричка, која се состои од четири антени задолжени за насочување кон најблиската 5G кула. Сигналот може да се одбие од околните површини. Антената QTM052 е дизајнирана да биде доволно мала за да ја собере во куќиште, односно во рабовите на паметниот телефон. Модемот X50 5G на Qualcomm веќе е дизајниран да поддржи до четири антени, една од секоја страна на мобилниот телефон, така што тоа во превод значи вкупно 16 антени кои нема да дозволат блокирање на сигналот. Првите уреди со антени QTM052 би требало да се појават на почетокот на идната година.

Сподели!
- Advertisement -