Откриенo eзеро под површината на Марс

- Advertisement -

Истражувачи пронајдоа докази за постоење тeчна вода под површината на Марс. Водата наликува на езеро и се наоѓа под површината. Бидејќи површинскиот слој на Марс е непријателски за развој на живот, истражувачите претпоставуваат ако не може да има живот на планетата, има живот под површината.

Научниците објавија дека имаат докази за постоењето на водата на Марс, во која би можело да има микроорганизми. Со помош на радарот Marsis на орбиталниот вселенски брод на Европската вселенска агенција Mars Express снимиле езеро широко 20 км на длабочина од 1,5 км под заледениот јужен пол на Црвената планета. Не успеале да утврдат колку е длабоко езерото, но истражувачите претпоставуваат дека е околу 1 метар.

- Advertisement -

Научниците повеќе од четири децении бараат вода на Марс бидејќи во неа можеби ќе можат да најдат живи организми, но досега главно наоѓаа траги од организми од минатото и некакви траги за топење на мразот измешан со песок.

- Advertisement -

Има ли живот на друго место освен на Земјата е едно од најчесто поставуваните научни прашања? Најновото откритие дава надеж, иако не може да се смета за конечен доказ. Експертите велат дека ќе поминат години додека да се потврди постоењето живот во езерото бидејќи мисиите на Марс ќе треба да го избушат ледот за да земат примероци од водата под него.

„Тој дел од Марс наликува на некое место на кое би можело да има живот. Тоа место не е идеално за одмор и не е место на кое би запливале, но знаеме дека постојат некои организми на Земјата кои можат да живеат во слична околина. На семјата постојат микроорганизми кои можат да живеат дури и во мраз“, изјави Роберто Оросеи од Националниот институт за астрофизика во Италија, кој е главен автор на истражувањето објавено во научното списание Science.

- Advertisement -

Истражувачите додаваат дека им биле потребни години за анализа на податоците за да дојдат до методите со кои недвосмислено би утврдиле дека тоа што го виделе со радарите навистина е вода. Радарите од типот на Marsis навлегуваат низ заледената површина на Марс. Сигнали кои ги емитуваат се одбиваат од површината  и се анализираат за да се утврди составот на почвата. Така Marsis во дел од јушниот заледен пол открил силна рефлексија, што е знак дека таму има водена површина, Радарските снимки потсетуваат на снимки од субглацијалните езера под ледот на Антарктикот и на Гренланд. Се проценува дека температурата на водата во езерото на Марс е од -14 до -90 степени Целзиусови.

Сподели!
- Advertisement -