Од идниот месец сите помлади од 16 години нема да можат да користат WhatsApp!

- Advertisement -

WhatsApp одлучи да ја помести минималната граница за корисниците во Европа за 3 години. Корисниците во Европа моментално мора да имаат најмалку 13 години за да користат WhatsApp, а од идниот месец таа граница ќе биде поместена на 16 години.

Одлуката за построги правила следуваше во очи воведувањето на новите правила за Интернет во Европската унија, кои се врзани за приватноста. WhatsApp, која е во сопственост на Facebook, ќе бара од корисниците да ги прифатат новите услови за користење и ажурираните правила за приватност во текот на наредните недели, пишува Klix.ba.

- Advertisement -

Засега не е познато на кој начин ќе се потврдува веродостојноста на одговорите за возраста на корисниците со оглед на тоа дека социјалната мрежа бара ограничени податоци. WhatsApp во јануари имаше повеќе од 1,5 милијарди корисници, а преку блог соопшти дека нема да бара дополнителни права за да ги собира личните податоци на корисниците.

Меѓу другите промени кои ги најавија од WhatsApp е можноста корисниците да преземаат извештаи за податоците кои ги има социјалната мрежа за нив, како, на пример, производителот и моделот на телефонот кој го користат за да пристапат до мрежата, нивните контакти и групите, како и сите блокирани броеви.

Сподели!
- Advertisement -