Еден милион Македонци користат Facebook

- Advertisement -

Од 2.085.051 жители на Македонија, 1.583.315 имаат пристап до интернет, објави Internet World Stats, а пренесува порталот IT.mk. 

Ова е 75,9% од вкупното население во Македонија и претставува пораст од околу 80.000 нови корисници во последните 9 месеци. И со оваа повисока бројка корисници, Македонија е под европскиот просек кој е 85,2%.

- Advertisement -

Според овие бројки, Македонија е на средината во регионот. Пред нас се Хрватска (90,9%), Босна и Херцеговина (80,7%) и Словенија (79,9%), но сепак Македонија е пред Грција (70,1%) која е членка на Европската Унија.

Ако за интернет пенетрацијата и не котираме најдобро, ниту една држава во регионот не е подобро застапена на Facebook, секако процентуално. Според статистиката, 1 милион Македонци имаат Facebook профил, што е речиси половина од целото население. Во Европа бројката на Facebook корисници последнава година е намалена.

- Advertisement -

Според учеството на Facebook, македонските корисници се „рамо до рамо“ со корисниците од Франција, Холандија, Италија, Данска, Белгија, држави чија популација е 50% присутна на друштвената мрежа.

Глобалната слика покажува пораст на вкупната бројка на корисници. Над 4,15 милијарди луѓе имаат пристап до интернет. Оваа бројка октомври минатата година изнесуваше 3,88 милијарди.

Сподели!
- Advertisement -