McDonald’s во чест на 50-годишнината од Big Mac направи свои пари – MacCoins

- Advertisement -

McDonald’s планира да ја прослави 50-годишнината од својот најпознат производ Big Mac на навистина уникатен начин – почнувајќи од утре, со секој купен Big Mac во вкупно 14.000 ресторани во САД потрошувачите ќе добиваат и MacCoin. Се прашувате што можете да купите со тие пари? Се разбира, уште еден Big Mac, пишува USA Today

Потрошувачите ќе можат да ја заменат новата валута за бесплатен Big Mac почнувајќи од петок натаму и до крајот на годината. Во интервју за весникот извршниот директор на McDonald’s, Стив Истербрук, изјави дека четврток е избран за ден кога ќе се лансира валутата затоа што тој ден се навршуваат 100 години од раѓањето на изумителот на Big Mac, Џим Делигати.

- Advertisement -

Идејата за новата валута произлегла од улогата која ја игра Big Mac во мерењето на куповната моќ на луѓето. Во 1986 година The Economist почнал да го прави индексот Big Mac Index како начин за мерење на куповната моќ и тоа го прават до ден-денес.

Big Mac стана американска икона во текот на изминатите 50 години. Во 2007 година во Норт Хантингтон, Пенсилванија беше создаден Big Mac Museum Restaurant каде што е изложена скулптура на Big Mac висока 4,2, a широка 3,6 метри. Според McDonald’s, синџирот минатата година продал 1,3 милијарди Big Macs.

- Advertisement -

MacCoins ќе имаат пет уникатни дизајни, од кои секој ќе претставува една декада од постоењето на Big Mac:

•70-ти години – декада на моќта на цвеќињата

- Advertisement -

•80-ти години – ќе алудира на поп уметноста

•90-ти години – храбри, апстрактни форми

•рани 2000-ти години – фокус на технологијата

•2010-ти години – еволуција на комуникацијата

Сподели!
- Advertisement -