Facebook и Instagram ќе ви покажуваат колку сте зависни од тие мрежи

- Advertisement -

Колкупати ви се случило само на кратко да сте сакале да проверите нешто на Facebooк или Instagram, а на крајот сте се задржале час или два прегледувајќи објави, фотографии и видеа на тие мрежи? Секако, тоа не е случајно затоа што поранешните вработени во компаниите повеќе пати нагласуваат дека сите социјални мрежи се намерно дизајнирани за корисниците да станат зависни од нив и од содржините кои ги прикажуваат за постојано да прегледуваат нови, често небитни содржини.

Марк Цукерберг неодамна најави дека сака наместо пасивно поминување на времето и бесмислено прегледување, корисниците времето на Facebook и на Instagram да го трошат поквалитетно, односно што повеќе да им се прикажуваат корисни и интересни содржини и повеќе да комуницираат со пријателите и семејството.

- Advertisement -

Покрај промените на алгоритмите и борбата со лажните вести, еден од начините на кој компанијата сака на корисниците да им овозможи поквалитетно користење на нивната платформа е така што ќе им овозможи да го следат времето кое го поминале на Facebook и на Instagram.

- Advertisement -

Така, пред некој ден најавија нови алатки кои наскоро ќе бидат достапни на мобилните апликации на двете мрежи и на корисниците ќе им дадат увид во времето кое го потрошиле на платформите. Се претпоставува дека голем број луѓе ќе се изненадат, односно ќе се шокираат кога ќе видат колку пати дневно го отвораат Facebook и колку време трошат на него. Ќе може да се постави и ограничување, односно аларм кој ќе ги потсети кога поминале премногу време на Facebook и на Instagram – корисниците сами ќе одредат која е таа временска граница.

Уште една новина која ја носат тие алатки е побрз и поедноставен пристап до опцијата за исклучување на известувањата за во текот на користењето на мрежите луѓето да можат да се концентрираат на работата, учењето и слично, без постојано прекинување.

Сподели!
- Advertisement -