Овие три прашања му помагаат на шефот на Amazon да ги вработи најдобрите луѓе

- Advertisement -

Изминатиот период за Amazon и неговиот основач и извршен директор, Џеф Безос, беше фантастичен – акциите на компанијата и пазарната вредност постојано растат и компанијата може да му се приклучи на Apple во елитниот клуб на милијардери, а на крилата на успехот на компанијата расте и богатството на Безос, кое надмина неверојатни 140 милијарди долари.

Една од клучните работи за неговиот успех, односно успехот на неговата компанија се одличните вработени, затоа што сосема е јасно дека ваквиот успех не би бил возможен без вистинските и способни луѓе. Кратко по основањето на компанијата во 1998 година Безос испрати писмо до акционерите во кое го објасни начинот на регрутирање на новите вработени и трите прашања кои е потрбно да се постават при носењето одлука за вработување, пренесува Zimo.

- Advertisement -

Иако оттогаш досега поминаа 20 години, прашањата на Безос и понатаму се користат и се еден од битните фактори при носењето одлука за вработување.

Безос вели дека најпрвин си го поставува прашато дали ќе и се одушевува на личноста која ќе ја вработи. Тој секогаш се трудел да работи со луѓе на кои им се одушевувал и ги ценел и смета дека од таквите луѓе може многу да се научи и за сите да бидат позитивен пример. Значи, битен му е впечатокот кој кандидатите го остават како личности и како лидери.

- Advertisement -

Второто прашање кое треба да го поставите кога носите одлука дали ќе вработите некого или не е: Дали таа личност ќе го подигне нивото на ефикасност на одделот за кој се кандидира? Секогаш мора да се подигнуваат мерилата за вработените во компанијата, поради што за успех е битно да се вработат луѓе кои ќе размислуваат иновативно и од луѓето кои работат во нивните оддели постојано да го извлекуваат најдоброто за да ги испорачаат најквалитетните и најдобрите производи, услуги и процеси.

Третото прашање на Безос се однесува на потенцијалот на новите вработени и нивната можност да станат суперѕвезди – така можат да се препознаат уникатни особини и интереси со кои тие личности можат да го унапредат својот тим и целата компанија, а тие особини често не се ни поврзани со нивната работа.

Сподели!
- Advertisement -