Google подготвува цензурирана верзија на пребарувачот за кинескиот пазар

- Advertisement -

Кина е позната по својата цензура на Интернет. Многу мобилни апликации кои слободно се користат во остатокот од светот во Кина, едноставно, не се достапни. Кинеската власт сака да контролира што прават работниците, а делумно не сака корисниците да имаат слободен пристап до информации.

Токму затоа не е изненадување што големите светски кои сакаат да допрат до кинеските корисници се одлучуваат за цензурирани верзии на своите апликации и услуги, пренесува Zimo. Иако нема официјална потврда, Google, наводно, подготвува цензурирана верзија на својот пребарувач, наменета баш за кинескиот пазар.

- Advertisement -

Според достапните податоци, кинескиот пребарувач на Google би го блокирал пристапот до непожелни интернет-страници и незгодни поими во согласност со кинеските закони како што се човечките права, демократијата, религијата и мирните протести.

На кинеската верзија од пребарувачот се работело една година, а активностите се интензивирале по состанокот меѓу претставници од кинеската влада и директорот на Google, Сундар Пичаи. Ако добие зелено светло од кинеските цензори, пребарувачот може да стартува уште на почетокот на идната година.

Сподели!
- Advertisement -