Apple поднесе патент со кој шофершајбната на автомобилите ќе се претвори во џиновски екран

- Advertisement -

Apple поднесе патент за шофершајбна со засилена реалност, на кој ќе може да се прикажуваат мапи, насоки на движење и да се примаат видеоповици преку FaceTime. Плановите биле поднесени до канцеларијата за патенти на почетокот на месецов.

Доколку биде одобрена, со нивната технологија Apple ќе може да се претвори шофершајбната на автомобилите во провиден екран кој ќе можат да го гледаат без да го тргнат погледот од патот и без да им пречи во возењето.

- Advertisement -

Од Apple потенцираат дека содржините на екранот нема да го блокираат погледот на патот, туку ќе може да се гледа низ нив. Тоа ќе биде нешто слично на мапи на кои ќе се обележува патот кој треба да се следи. Технологијата ќе се базира на повеќе сензори како инфрацрвени камери, уреди кои ќе скенираат со светлосни зраци, ултразвучни сензори, длабински камери, радари и GPS.

Сподели!
- Advertisement -