Google сакаше да знае зошто некои тимови во компанијата се поуспeшни од другите. Пред оваа студија, како и многу други организации, од Google верувале дека градењето на најдобриот тим едноставно значи составување на најдобрите луѓе во еден тим. Најдобриот инженер, па најдобриот со докторат итн. и ете, мислите дека го имате најдобриот тим. Зарем не? Изгледа дека тоа не е точно.
На чело на тимот кој ја спровел студијата е Абер Даби, директор за човечки ресурси на Google. Водени од желбата да најдат идеална комбинација од вештини и тимска соработка за да се создаде совршен тим, Даби вработува статистичари, психолози, социолози, инженери и истражувачи за заедно да ја разгонетнат загатката за ефикасноста на тимовите.
Во текот на две години проектот Aristotel успеа да проучи 180 тимови на Google, биле направени 200 интервјуа и биле анализирани повеќе од 250 различни карактеристики на тимовите. За жал, сепак, уште немале јасна карактеристика која би можела да се имплементира во алгоритмот за тим од соништата. Се додека од Google не почнаа да ги разгледуваат нематеријалните елементи, не можеле да ја состават равенката. Преку страницата на Google, Re. Work, сознанијата од истражувањето ни се достапни и нам. Ова се петте клучни карактеристики на секој тим кои го прават успешен.
Доверба
Членовите на тимот ги остваруваат зададените задачи во определниот временски рок
Јаснотија и структура
Тимовите кои имаат големи достигнувања имаат и јасни цели и јасно дефинирани улгуи во работните задачи.
Значење
Работата има јасно значење за секој член од управата.
Влијание
Групата која верува дека нивната работа има влијание за општото добро мотивирање помотивирано ќе ја одработи својата работа.
Последното се истакнува од сето наброено.
Психолошка сигурност
Сите сме се нашле во ситуација на состанок да ни биде страв да кажеме нешто од страв дека не сме доволно компетентни и искусни или сме премлади, па не ги изговараме прашањата или идеите кои ги имаме и сметаме дека би биле добри за работата. Тоа е разбирливо кога ќе се земе предвид стресот кој го чувствуваме кога сите ќе се фокусираат на нас и на тоа што го зборуваме. Но, замислете друга средина каде што секој е сигурен во себе и презема ризици, изразува мислења и идеи, поставува прашња без предрасуди. Култура во која менаџерите формираат една сигурносна зона за изложување идеи за вработените да не се чувствуваат загрозени ако го кажат своето мислењеи став на јасен и аргументиран начин. Тоа е психолошка сигурност.