Основачот на Амазон донира две милијарди долари за училишта за сиромашните

- Advertisement -

Основачот и директор на Амазон, Џеф Безос, објави дека ќе одвои 2 милијарди долари за да формира фонд кој ќе помогне да се отворат предучилишни установи во посиромашните населби и да им се помогне на семејствата без домови.

Овој фонд ќе се вика “Bezos Day One Fund”, рече Безос, чиј удел во Амазон му вреди околу 160 милијарди долари.

- Advertisement -

Безос на Твитер објави дека еден дел од фондот финансиски ќе ги поддржи организациите и групите што ќе обезбедат засолниште и храна за младите семејства без домови.

Вториот дел ќе биде наменет за отворање бесплатни предучилишни установи.

- Advertisement -

Засега не е познато како ќе изгледаат овие претшколски установи, освен што ќе се засноваат на филозофијата на предавање Марија Монтесори, објави АП.

Сподели!
- Advertisement -