Кинески научници создадоа железна батерија што трае 16 години

- Advertisement -

Кинески научници од Институтот за истражување на метали направија голем пробив во развојот на таканаречените проточни батерии, а нивното решение би можело да го промени начинот на кој складираме електрична енергија.

Тие претставија ново решение базирано на железо, кое ветувајж долгорочно стабилно работење и значително пониски трошоци.

- Advertisement -

Тестовите на прототипот покажале дека оваа батерија може да издржи дури 6.000 циклуси на полнење, што одговара на период од повеќе од 16 години секојдневна употреба. Дури и по тој период батеријата не губи капацитет, додека ефикасноста останува на високи 78,5 проценти.

Главната предност на оваа иновација е употребата на железо, материјал кој е многу пати поевтин од литиумот, кој денес се наоѓа во речиси сите модерни уреди. Новата формула на електролит и изменетата молекуларна структура го решија долгогодишниот проблем со деградацијата на батеријата за време на работата.

- Advertisement -

Научниците успеаја да спречат формирање на штетни наслаги во системот, што претходно беше главна причина за дефекти во слични технологии. Исто така, истекувањето на активната супстанца низ мембраната е минимизирано, што обезбедува долгорочна стабилност на системот.

Оваа технологија има значаен економски потенцијал бидејќи железото е лесно достапно и многу попристапно од ретките метали.

- Advertisement -

Ваквите батерии би можеле да бидат идеално решение за масовно складирање на енергија од соларни и ветерни електрани, каде што е потребна голема моќност по пониска цена. Бидејќи побарувачката за индустриски енергетски системи брзо расте, овој кинески изум би можел да стане клучна алатка за стабилизирање на електричната мрежа.

Наместо скапи и краткорочни решенија, оваа технологија нуди долгорочна и поекономична алтернатива, која во исто време е поповолна и за животната средина и за крајните корисници,

(Interesting Engineering/Smartlife)

- Advertisement -