Која земја има најбрз, а која најбавен Интернет во светот?

- Advertisement -

Сајтот cable.co.uk направи опсежно истражување на брзината на Интернетот во 200 држави од целиот свет и повеќе од 163 милиони тестови на брзината на Интернетот. Резултатитее се прикажани како просечна брзина на симнување во секунда односно Mbp/s (мегабит во секунда), пишува Al Jazeera Вalkans.

Македонија, БиХ, Турција, Црна Гора, Албанија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Казахстан и Азербејџан се единствените европски земји кои имаат брзина на download помала од 10 мегабита во секунда. Од земјите од поранешна Југославија најбавен е Интернетот во Црна Гора (6,74 Mbit/s), а најбрз во Словенија (21,41 Mbit/ѕ).
На Балканот со брзина над 10 мегабита во секунда се Србија и Хрватска, а Бугарија спаѓа во групата со Словенија и Романија на земји со брзина на Интернет од 20 до 40 Mbit/s. Македонија има просечна брзина на Интернет од 8,82 Mbps, а во регионот најслаба е Албанија со 5,56 Mbit/s

Најбрз Интернет во светот има Сингапур (60,39 Mbps), а потоа следуваат Шведска (46 Mbps) и Данска (43,99 Mbps). Најниска просечна брзина на Интернет во светот има во Јемен – 0,31 Mbps.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -