ГастроМак 2018 – врвните светски готвачи повторно се собираат во Македонија –

- Advertisement -

Од идниот понеделник, па сè до петок врвните светски готвачи повторно ќе се сретнат во Македонија. Поводот е стартот на Третиот меѓународен гастрономски натпревар – ГастроМак Македонија 2018, којшто се одржува од 8 до 12 октомври во Струмица, а традиционален домаќин повторно ќе биде хотелот „Вила Парк“.

Овој годишен светски собир на кулинарските мајстори и натпреварувачи, којшто ќе се случува по трет пат, е во организација на ГастроМак – Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија, а под покровителство на WACS – World Association of Chefs Societies (Светската организација на шефови на кујни), со седиште во Париз, Франција. Општината Струмица и хотелот „Вила Парк“ се традиционални организациски и логистички поддржувачи на едно од најголемите годишни гастрономски случувања во регионот и пошироко.

- Advertisement -

„Настанот е целосно од отворен карактер. Сите се поканети и добредојдени да вкусат залче од светките вкусови! Со несебичната поддршка од WACS, годинешното натпреварување е со предзнак – Континентално, што дефинитивно значи етаблирање на ГастроМак и градот домаќин, Струмица, за ѕвезди на светската гастрономска мапа. Најавуваме петдневен настан за паметење”, изјави Адријана Алачки, претседател на ГастроМак асоцијацијата.

На ГастроМак Македонија 2018 најавено е присуство на околу петстотини судии, мастерклас предавачи, натпреварувачи, специјални гости, од над триесетина земји од целиот свет. Овие пет денови Македонија и Струмица повторно ќе бидат во центарот на глобалните гастрономските случувања, со гости од три континенти.

- Advertisement -

Натпреварувачките денови се 9, 10 и 11 октомври (вторник, среда и четврток), ќе се одвиваат во посебно подготвениот простор во централната сала на хотелот „Вила Парк“, на првиот кат. Со оглед на тоа што настанот е целосно од отворен карактер и сите заинтересирни ќе можат одблиску да ги видат на дело светските гастрономски експерти, но и да пробаат од подготвените јадења.

Сподели!
- Advertisement -