Koмпанијата „Велидент Трејд“ ја носи светската дентална елита во Скопје! За првпат ќе се изведе сложена хируршка техника во живо!

- Advertisement -

Интервју со Татјана Велиновска Димовска, генерална директорка на „Велидент Трејд” по повод претстојниот прв меѓународно акредитиран имплантолошки конгрес во Скопје, на кој ќе присуствуваат светски познати имиња од областа на денталната имплантологија

Новинар – Верица Јорданова

Велидент Трејд е семејна компанија која активно егзистира скоро 30 години на македонскиот пазар која успешно e етаблирана и на регионалниот пазар во продажба на дентални материјали и опрема, неформална едукација за стоматолози и забни техничари и примена на дигитални решенија во денталниот сектор. Седиштето на компанијата е во Скопје, a има и продажна локација во Битола. Клучен столб во работењето на компанијата од 2005 година е реализацијата на современа имплантолошка програма, како и првенството во инклузија на дентални импланти во Македонија пред точно 19 години. Продажбата на дентални импланти е поддржана и со стручна едукација на највисоко ниво, почнувајќи од базични до кадавер едукации. Велидент Трејд е ексклузивен застапник за регионот за IMPLA – глобално афирмиран германски бренд на импланти, кој постои во светот од 1963. Во поново време е воспоставена соработката и со неколку јапонски брендови, кои се лидери во светот во производство на дигитална дентална опрема. Компанијата посветено е вклучена во трансфер од конвенционален кон дигитален начин на работа кај денталната фела во Македонија.

- Advertisement -

Гoспoѓа Велиновска Димовска, Македонија ќе биде домаќин на значаен регионален настан oд областа на денталната имплантологија. Зошто овој настан е важен и за земјата и за стоматолошката фела?

Од 18. до 20. април, (во хотел Хилтон), Велидент Трејд ќе биде домаќин на првиот меѓународно акредитиран имплантолошки конгрес, на кој ќе присуствуваат светски познати имиња од областа на денталната имплантологија, односно врвни стоматолози, орални и максило-фацијални хирурзи од целиот свет. За прв пат сите учесници на конгресот ќе добијат  CME  европски кредит поени и меѓународно акредитиран сертификат, односно ќе бидат дел од континуирана имплантолошка едукација со европска акредитација. Темите на конгресот ќе бидат поврзани со иновативните и напредни клинички и технолошки решенија во имплантолшката област, а за прв пат пред пошироката стручна јавност во земјава и другите учесници од светот  ќе биде изведен оперативен зафат и демонстрација на комплексна хируршка техника – транспозиција на инфериорен алвеоларен нерв, во живо на пациент. Да го поставиме Скопје и Македонија на мапата на меѓународно сертифицирани едукативни настани во делот на денталната имплантологија говори за нас како локација која постојано ги следи трендовите и има значење во светот на оралната хирургија. Предавачите на конгресот се од три континенти, а хирургот кој ќе го изведе зафатот е од САД.

- Advertisement -



Госпоѓа Велиновска Димовска, во повеќе наврати добивате значајни и престижни менаџерски награди. Кои се критериумите за да се добијат вакви награди и што значат тие за вас?

Во 2016 година бев почестена да бидам дел од ALPS – Австриска програма за лидерство во рамките на која носители на одлуки од целиот свет во секој сегмент од деловното работење беа номинирани за награди во одредени категории. Конкуренцијата беше голема, а одлуката ја носат водечки претставници од деловниот и јавниот живот во Австрија. Главен критериум за избор беше личниот придонес во развојот и растот на одреден сегмент, во мојот случај награда за развојот на имплантологијата во Македонија, во корелација со постигнатите резултати и цели каде ја добив наградата “ТОП 10 Имплант Менаџери во Европа”.

- Advertisement -

Бев прогласена за “Најдобар Лидер за претприемничка извршност во денталниот сектор” во регионот и секако наградата за компанијата “Најдобар проект на 21 век, SMART DENTAL ENTITIES” – најиновативен бизнис концепт за масовна дигитализација на денталниот сектор во Македонија.

Наградите се доделени под покровителство на Udruzenje najuspesniji privrednik XXI Veka во рамките на престижната манифестација “Najuspesnija zena i Najuspesniji muskarac XXI veka” која се одржа на 24 октомври 2022, во хотелот Crowne Plaza Belgrade, и имаат регионален карактер.

„Best performer award 2018“, е една од поважните награди за мојата компанија, која ја добивме на престижната деловна манифестација Global Sales Meeting 2018 во Кронберг, Германија и преку која ја потврдивме нашата деловна позиционираност и во светски рамки.

Деновиве компанијата Велидент Трејд доби и меѓународен сертификат за извонредност за 19 години професионалност во сферата на неформалната имплантолошка едукација, од страна на Институтот за иновативно знаење (Innovative Knowledge Institute) која е потврда за посветеноста во организацијата, менаџментот и логистиката во продукцијата, развојот и напредокот на имплантолозите од страна на нашата компанија.

Вашата компанија е лидер во воведување на сите најиновативни новитети во областа на денталната имплантологија. Кои се светските новитети во оваа област и колку бргу истите доаѓаат во земјава и во регионот?

Кога вашите партнери во сферата на деловното работење се главно од Германија и Јапонија, тоа јасно укажува на фактот дека нашите клиенти од земјава, а преку нив и нивните пациенти имаат достапност до последните, најнови решенија во областа на стоматологијата и оралната хирургија, односно денталната имплантологија. Неинвазивна хирургија, примена на дигитални алатки во денталната пракса, однапред предвидлив функционален и естетски резултат кај протетските реставрации, се само дел од концептите кои се применуваат кај нас и кои се многу добро имплементирани во секојдневното работење на стоматолошките ординации и заботехничките лаборатории во земјава. Нашите имплантолози се секогаш подготвени да ги следат  и воведат најсовремените имплантолошки пристапи, методи и техники во оваа гранка од стоматологијата и да ја зголемат ефективноста и продуктивноста во нивните пракси, а да го скратат времето на работа и зголемат  комфорот и задоволството од финалниот исход кај пациентите. Добар дел од нив се на пат да преминат во СМАРТ дентални субјекти.

Македонскиот пазар е мал и тоа знае да биде ограничувачки фактор за многу компании. Какво е вашето искуство во овој поглед и дали работите и на регионалните пазари? 

Во доменот на своето работење секојдневно сме фокусирани во идентификување на потребите на клиентите (доктори на стоматологија и забни техничари) и реализација на нивните барања. Исто така преку воведување најсовремени дентални материјали и опрема, нови иновативни техники и методи на македонскиот дентален пазар, директно влијаеме и на унапредување на квалитетот на работа на коминтентите.

Деловната поставеност, максималниот ангажман, следењето на модерните трендови, аспирацијата за раст и развој и поставувањето на реални цели, допринесоа за достигнување на  висок бизнис ранг на нашата компанија во дентално продажниот сектор и евидентна препознатливост кај локалните и регионалните купувачи.

Колку домашните стоматолошки клиники од една страна и пациентите/корисниците од друга страна се отворени за прифаќање новитети? 

Дигитализацијата како во многу други области, гласно чука на вратата и во стоматологијата. Дигитализацијата во денталната сфера е едноставно неопходност.  Да се скратат долгите процеси на работа, а притоа да се добие  попрецизна, појасна и поточна слика за состојбата на пациентот, што понатаму ќе резултира со одличен резултат,  се разбира дека е во интерес на секој современ стоматолог и забен техничар и секако на пациентите. Како и во секоја друга област треба време за промена на навиките и спремност за воведување на нови иновативни концепти. Најхрабрите и отворени професионалци ќе бидат пионери во применување на иновациите.

Колку во оваа насока е важна континуираната едукација на стоматолозите за примена на најновите трендови и дали имате своја улога и во овој сегмент? 

Континуираната стручна едукација секако има круцијално значење и слободно би истакнала дека е клучен фактор при носење на одлуки кај стоматолозите и забните техничари за примена на нови трендови од нивната област. Мојата професионална поставеност е во обезбедување максимална поддршка на стоматолошките ординации за поефикасна имплементација на дигитализацијата во работењето.

Преку промоција и имплементација на дигитализацијата,  континуирана едукација  за дигитален начин на работа, воведување на  CE сертифицирани едукативни програми, директно влијаеме во имплементирањето на сите современи новитети кај нашите клиенти.

Основач сте и менаџер на првиот професионален имплантолошки клуб во Македонија „IMPLA Study Club Macedonia“ како и на Центарот за Дентална Дигитализација „Smart Dental Solutions“. Кажете ни нешто повеќе за ова?

IMPLA Study Club Macedonia е првиот професионален имплантолошки клуб во земјава. Концептот на ISCМ се базира на јасна визија и мисија, тимски пристап, национално и меѓународно вмрежување и континуирано надоградување во денталната имплантологија преку обуки изведени од страна на светски експерти. Крајна цел е членовите на клубот да се здобијат со современа имплантолошка едуцираност и квалитетна стручна поддршка.

Центарот за дентална дигитализација Smart Dental Solutions работи под покровителство на Велидент Трејд веќе 3 години. Истиот, минатата година доби меѓународна акредитација односно прерасна во Центар за извонредност на CAD/CAM реставрации –  KATANA Qualified Milling Center, единствен од овој тип во Југоисточна Европа. Примена на no-touch технологија и комплетно дигитален протокол и тек на работа кој опфаќа планирање, дизајн, продукција на финална изработка на високо естетска дентална реставрација со однапред предвидлив резултат, од најсовремена multilayer цирконија е  фокус на работа на Smart Dental Solutions.

Стратешки и во согласност со планот за напредок и развој, следен прогресивен чекор кој ќе го преземеме е воведување на полуроботика, што за нас претставува еден од најголемите деловни предизвици досега.

Што конкретно очекувате од претстојниот настан и кои се следните настани/чекори кои може да се очекуваат од Вашата компанија?

Дефинитивно, Велидент Трејд е компанија која ќе го предводи трендот на меѓународно акредитирана едукација во Македонија. Пред сè би сакала да истакнам дека за мене, за мојата компанија и за мојата земја претставува огромна чест и задоволство да бидеме домаќин и организатор на првиот меѓународно акредитиран имплантолошки конгрес во Македонија. Очекувам успешна реализација на хируршката интервенција  која за прв пат ќе се изведе и ќе биде демонстрирана пред пошироката стручна јавност во нашата земја. Задоволни учесници, споделено искуство, квалитетни предавања, високо ниво на демонстрирана практична работа со импланти, успешно презентирани напредни дигитални техники во имплантологијата, нови контакти и уште една потврда и зацврстување на позицијата на имплантолозите од Македонија на глобалната имплантолошка мапа, а имплантолошката фела од Македонија ќе ја стави во светски фокус.

Сподели!
- Advertisement -