Децата се помалку учат од книги, ова им е најбитниот учител

- Advertisement -

Иако начинот на образование, за жал, не се менува ни со приближна брзина како што технологијата ги менува нашите животи, Интернетот и достапноста на сите содржини од светот многу го смени начинот на учење. Иако Интернетот има големи замки затоа што она што ќе почне како учење може да прерасне во час или два изгубени на Facebook, секој со малку самодисциплина може да прочита и да научи многу повеќе од она што го добива од учебникот.

Како што покажа едно неодамнешно истражување спроведено во САД, еден од трендовите во последно време е учењето преку YouTube, па овој видеосервис на Google за многумина е замена за учебниците. Наместо да читаат еден куп страници, младите денес поминуваат еден час на YouTube и таму ги добиваат сите потребни информации. Го запишуваат и го учат она што е најбитно и подготвени се за тестовите, пишува Zimo.

- Advertisement -

Се чини дека на овој начин за пократко време може да се научи многу повече затоа што во видеата може да се вметне интересна инфографика, таблици, линкови до други поврзани сосдржини и слично, но кај ваквиот начин на учење секогаш има ризик од лажни вести и непроверени, односно неточни информации.

Исто така, битно е да напоменеме дека YouTube никогаш нема да може да ги замени добриот професор или професорка кои на професионален и интересен начин ја објаснуваат лекцијата, ја доближуваат до учениците и го будат интересот кај нив за предметот.

- Advertisement -

Истражувањето кое во САД беше спроведено на околу 2.500 луѓе на возраст од 14 до 40 години покажа дека генерацијата Z преферира едукација преку YouTube –речиси 50% од нив, но и 55% од миленијалците преферираат YouTube да им биде главниот начин на образување.

Според информациите на Pew Research Center, дури 85% од младите, односно припадниците на генерацијата Z, која порасна со YouTube, сервисот го користи повеќе отколку другите платформи, што најдобро зборува за популарноста и влијанието на видеоплатформата врз младите, нивниот живот и иобразованието.

Сподели!
- Advertisement -