- Advertisement -
Ако вашата работа станала монотона и размислувате за промена, можеби ќе бидете изненадени од бројот на работни места што всушност постојат. Иако не се за секого, верувале или не, сите тие работни места ги работат вистински луѓе и тие заработуваат пари од нив.
Еве листа со 10 најчудни работни места во светот.
- Advertisement -
- Професионален спијач
Еден хотел во Финска ангажирал „професионален спијач“ за да ја тестира удобноста на неговите кревети. Вработениот спие во различен кревет секоја вечер и пишува детален преглед за квалитетот на спиењето и удобноста. - Набљудувач на сушење боја
Иако звучи како шега, оваа работа навистина постои. Во Велика Британија еден човек заработува пари со боење картон и следење колку време е потребно за да се исушат новите видови боја, додека забележува промени во бојата и текстурата. - Професионален гледач на Netflix
За еден среќен човек гледањето ТВ емисии и филмови е работа. Netflix вработува луѓе кои гледаат содржина пред да биде објавена и ѝ доделуваат соодветни оценки. Ова им помага на корисниците полесно да го пронајдат она што сакаат да го гледаат. - Туркач на воз
Ако вашиот јавен превоз е преполн, јапонските возови се посебна класа. Таму има вработени, познати како ошија, чија работа е физички да ги туркаат патниците во возот за да можат вратите да се затворат. - Професионален тажач
Во некои делови од Југоисточна Азија се верува дека гласниот погреб им помага на починатите на нивното патување кон задгробниот живот. Затоа се ангажираат професионални тажачи за гласно да плачат за време на церемонијата. - Екстрактор на змиски отров
Оваа работа не е за оние со слабо срце. Задачата е да се собере отров од отровни змии, кој подоцна се користи за производство на серуми и лекови. Опасна, но исклучително важна работа. - Дегустатор на храна за кучиња
Дегустаторите на храна за кучиња дегустираат нови производи за да го оценат вкусот и текстурата, како и да ги споредат со конкурентските брендови. Во менито има гранули, конзервирана храна и бисквити. Уживате? - Судија за мириси
За да ја тестираат ефикасноста на новите производи за лична нега, „судиите за мириси“ го оценуваат здивот, стапалата и пазувите на волонтерите. Нивното чувство за мирис редовно се тестира за да се осигури дека нивните проценки се веродостојни. - Дегустатор на “мармит“
“Мармит” е производ што или го сакате или го мразите. Еден од дегустаторите, Сент Џон Скелтон, поминал повеќе од 30 години проверувајќи дали секоја серија има соодветна текстура, конзистенција и вкус. Досега изел околу 3.000 тегли. - Доставувач на пица – нуркач
Како да не беше доволно необичен подводниот хотел во Флорида, тука е и нуркач кој им доставува пица на гостите. Носејќи ја во водоотпорен пакет, тој е веројатно единствениот доставувач во светот кој работи под вода.
(Bizlife)
- Advertisement -



























