Facebook пушта во функција нова опција 3D photo, која ќе додава длабочина на вашите фотографии на News Feed. Сите корисници ќе можат да ги гледаат тие фотографии почнувајќи од вчера. Опцијата постепено се проширува на корисниците во изминатите неколку недели. Со цел да ја користите ви треба телефон со две камери, пишува The Verge.
Опцијата 3D photo беше најавена во мај годинава и е релативно едноставна. Избирате фотографија, а Facebook ја претвора во псевдо-3D слика која се менува како што го движите екранот или како што скролате на телефон. Како функционира? Во суштина, социјалната мрежа ја искористува длабочината која автоматски ја создава двојната камера и потоа додава некои софтверски елементи за да ја направи пореална.
Со ова Facebook не измислил топла вода затоа што ваквата опција за менување перспектива постои со години, но го прави процесот поинтуитивен и резултатите се полесни за споделување. Исто така, додава нова опции со кои се губи границата меѓу нормалните објави на Facebook и длабинските искуства како што се виртуелната и засилената реалност.