Facebook воведува опција за бришење на испратените пораки

- Advertisement -

Facebook почна да ја тестира опцијата unsend за апликацијата Messenger, која на корисниците им овозможува да ја избришат испратената порака за целосно да биде отстранета од четот. Претходно годинава Facebook тајно ги избриша старите пораки кои преку Messenger ги испратил оновачот и директор Марк Цукерберг, а тоа беше многу необично затоа што обичните корисници на Facebook не можат да го направат истото. Ако сега избришете некоја порака од инкбокс, таа ќе остане во инбоксот во кој сте ја пратиле.

Во април годинава Facebook објави дека планира да ја воведе опцијата unsend за сите корисници, но не наведе детали и датуми. Таа сега се тестира, а тоа го потврдуваат од Facebook Опцијата се употребува интерно во компанијаѕа, а откако ќе се утврди дека функционира без проблеми, ќе ја добијат и останатите корисници на социјалната мрежа.

- Advertisement -

Сепак, опцијата веројатно ќе биде достапна само одредено време по испраќањето на пораката.

Сподели!
- Advertisement -