Почина човекот кој го најговори својот школски пријател Бил Гејтс да го напушти Харвард и да ја стартува најголемата софтверска компанија во светот. Коосновачот на Microsoft Пол Ален почина во понеделникот на 65 години после повеќегодишна борба со ракот, соопшти семејството
Ален го напушти Мајкрософт во 1983 година по кавгата со Бил Гејтс, непосредно пред компанијата да прерасне во дивовска корпорација. Благодарение на првичниот партнерски удел тој можеше да ужива во милијарди кои ги трошеше на јахти, уметнички дела, рок музика, спортски клубови, истражувања на мозокот и недвижности. Тој беше сопственик на кошаркарски и фудбалски клуб, но и посветен филантроп кој донираше повеќе од 1,5 милијарди долари.
Како познат љубител на музика, Ален имаше бројни пријатели од светот на музиката, како Боно од U2. Инаку, Пол Ален е роден во Сиетел во 1953 година. Тој бил две години постар од Бил Гејтс кога во 1968 година се запознале во престижното училиште Lakeside во Сиетел и откриле дека делат иста страст кон компјутерите. Ален го продолжил школувањето на Washington State University, но во 1974 го напушти студирањето и се вработил во Бостон. Додека бил во Бостон упорно го наговарал Гејтс, кој студирал на Харвард, да ги напушти студиите и да му се придружи во револуцијата на личните компјутери, која се раѓала во тоа време.
Во 1975 година Гејтс конечно се согласил и тие двајцата заедно го развија BASIC софтверотот за Altair 8800, гломазен компјутер кој во тоа време чинеше 400 долари. Потоа се селат во Ново Мексико за да бидат поблиску до производството на Altaira. Ален ја дал идејата компјутерот да се нарече Micro-Soft, спојувајќи микро-компјутер и софтвер во едно име.
Ален беше задолжен за техничките операции во првите одум години и еден од малкуте задолжени за креирањето на првите софтвери како MS- DOS и Word, кои овозможија револуција на личните компјутери (PC) и го исфрлија Мајкрософт на самиот врв во индустријата.