Илон Маск последниот квартал продаде повеќе автомобили отколку Mercedes

- Advertisement -

Во текот на изминатите неколку месеци компанијата Tesla конечно успеа да го подигне производствоо на Model 3 на посакуваното ниво, па од нивните производни линии минатата недела излегол 100-илјадитиот автомобил. Кон крајот на април минатата година Tesla испорача само 30 примероци од автомобилот, а во тоа време повеќе од 450.000 го имаа нарачано тој модел, така што компанијата има уште многу работа пред себе.

Но, освен податоци за производството, аналитичката компанија Atherton Research објави и одлични податоци за продажбата на автомобилите на Teslа во САД. Во изминатиот квартал компанијата продала речиси 70.000 автомобили, попрецизно 69.925 (бројката се однесува на моделите 3, S и X). Тоа значи дека по прв пат компанијата на Илон Маск продла повеќе автомобили во текот на еден квартал отколку Mercedes.

- Advertisement -

Бројките се однесуваат само на продажбата во САД и не ја вклучуваат комерцијалната достава на возила на Mercedes, а ако овој тренд на Teslа продолжи и во последниот квартал, следната голема компанија која би можел да ја престигне Маск е BMW.

И во последните три месеци од годинава се очекува Tesla да продаде повеќе од 70.000 автомобили, особено затоа што купувачите на нивните автомобили до крајот на годината ќе имаат право на даночни олеснувања од 7.500 долари. На страницата Electrek, која ги следи електричните возила, велат дека Tesla со продажба на само три модели го престигна Mercedes, па можеме само да замислиме што ќе се случи кога ќе се најде во продажба верзијата на Model 3 со цена од 35.000 долари и кога овој автомобил ќе се најде на интернационалниот пазар.

Сподели!
- Advertisement -